Сите придобивки на цејлонскиот цимет

Покрај тоа што циметот дава специфичен вкус на храната, има и многу здравствени придобивки, па затоа се користи и како додаток во исхраната за дијабетес, синдром на нервозно дебело црево и други проблеми …

Најчестиот вид цимет кој се наоѓа во кујните на луѓето во нашиот регион е цимет касија (Cinnamomum burmannii или Cinnamomum aromaticaum) кој се одгледува во Југоисточна Азија. Овој цимет дава убава арома на колачи и одредени солени јадења, но не е добар за здравјето како оној од Цејлон (Cinnamomum zeylanicum или Cinnamomum verum), кој првенствено се одгледува во Шри Ланка.

Цејлонскиот цимет се разликува од другите сорти. Има карактеристична форма, посветла боја и нежен вкус, и што е најважно, има својства одлични за здравјето и ублажување на разни заболувања – далеку е подобар од касија циметот.

Придобивките од цимет

  • Полн е со антиоксиданси кои се неопходни за нашето тело да се бори против слободните радикали кои го оштетуваат. Антиоксидансите го забавуваат стареењето и штитат од многу болести.
  • Има антиинфламаторни својства и помага во борба против разни инфекции и го поправа оштетеното ткиво.
  • Го намалува ризикот од срцеви заболувања затоа што го намалува нивото на лош холестерол и триглицериди кои можат да ги оштетат крвните садови и го зголемува нивото на добар холестерол кој го уништува лошиот.
  • Го регулира метаболизмот преку подобрување на чувствителноста на хормонот инсулин кој е одговорен за метаболизмот на јаглехидратите и мастите во организмот, како и за транспортот на шеќер од крвта во клетките.
  • Може да помогне во намалување на нивото на шеќер во крвта затоа што една состојка на цимет делува врз клетките и имитира инсулин. Ова значително ја подобрува апсорпцијата на гликозата во клетките, но делува побавно од самиот инсулин.
  • Позитивно влијае на невродегенеративните болести кои се карактеризираат со прогресивно губење на структурата и функцијата на клетките во мозокот. Двата најчести типа на овие болести се Алцхајмерова и Паркинсонова.
  • Помага во борбата против бактериски и габични инфекции, односно за тоа е одговорен цинамалдехидот, главната активна состојка на циметот. Исто така, успешно лекува инфекции на респираторниот тракт предизвикани од габи.
  • Заштитува од расипување на забите и го намалува лошиот здив благодарение на неговото антимикробно дејство кое ги убива микроорганизмите и го спречува нивниот раст.
  • Помага при слабеење и е особено ефикасен во комбинација со мед. На пример, варете половина лажичка цимет и лажичка мед во малку вода (околу 1,5 dcl). Пијте половина од оваа течност наутро на празен стомак, а половина пред спиење. И така секој ден.
  • Касија циметот се користи не само за храна, туку и за локална апликација (нанесување на кожата) како средство против инсекти.

Сепак, циметот не треба да се претерува

Националниот центар за комплементарно и интегративно здравје (НЦЦИХ) во Соединетите американски држави предупредува дека цејлонскиот цимет содржи кумарин, кој може да биде токсичен за црниот дроб доколку се зема во прекумерни количини или подолго време. Цејлонскиот цимет содржи помало количество кумарин, што го прави побезбеден за јадење.

– Се чини дека циметот е безбеден во количини кои најчесто се користат во храната како зачин или засилувач на вкус. Употребата во поголеми количини или подолг временски период понекогаш е поврзана со несакани ефекти, најчесто проблеми со гастроинтестиналниот тракт или алергиски реакции – објаснуваат тие.

Прочитајте и: Ловоров лист – неопходен додаток на јадењата

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.