Пет најчести грешки што ги правиме со растенијата во нашиот дом

Обрнете внимание

Дали има нешто поубаво од дом полн со зеленило и придружниот мир што го носат растенијата во нашите животи?

Секоја билка има свои желби и „барања“, но постојат и универзални што честопати ги забораваме. Поради некои од најчестите грешки, растенијата можат лесно да пожолтат, да се разболат или едноставно да не успеат, па за да го надминете овој проблем ви носиме решение да ги задржите вашите зеленила во најдобра „форма“.

Не ги кроите своите растенија

Иако ова се однесува претежно за оние што ги имаме надвор, не треба да заборавиме дека и на домашните билки им треба кроење. И не плашете се, го правите ова за да го продолжите нивниот цут и да ги одржувате здрави колку што е можно подолго. Ако видите цвет или лист се исушил или изгубил боја, отсечете го тој дел и тоа ќе го стимулира растот на нов. Сè што ви е потребно се остри ножици.

Премногу вода

Знаеме, тешко е да не ги наводнувате вашите растенија, но имајте го на ум правилото за растенија во домаќинството – помалку е повеќе, особено за време на зимските месеци. Ако премногу ги наводнувате, тие можат лесно да се скршат, па внимавајте на количината на вода што им е потребна. Исто така, многу поважен е изворот на светлина.

Користите ѓубриво

Ако мислевте дека со ѓубривото ќе направите нешто исклучиво добро за вашите растенија, се лажете затоа што на куќните растенија тоа не им е потребно, освен ако не се борат да преживеат и во никој случај не напредуваат. Ако видите дека растат барем солидно, попрво направете домашен компост отколку да ги гушите со оној од продавница.

Не ги пресадувате своите билки

Знаеме дека може да биде страшно, но ослободете се од стравот. Раната пролет е најдобро време за пресадување, што не секогаш значи дека растението мора да оди во поголема саксија, туку само да добие нови хранливи материи од свежа почва. Но, ако видите дека на растението му станува тесно во сегашната саксија, пресадете го во поголема и постепено зголемувајте ја со текот на годините.

Оставате прашина на растенијата

Поминете со прстот по своите билки и видете дали има прашина врз нив. Прашината може да ги заглави порите на растенијата, што им го отежнува дишењето, затоа земете мека четка или сува марамица и избришете ги листовите.

Прочитајте и: Вистинските градинари секоја пролет ставаат лушпи од јајца во градината: Кога ќе чуете зошто, и вие ќе го сторите истото!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.