Добро погледнете го вашето тело: Местото на коешто имате најмногу масни наслаги открива сѐ за вашето здравје

Совет на експерти

Погледнете каде имате најмногу маснотии и дознајте сѐ за вашето здравје

Лекарите одамна докажале дека постои врска помеѓу подрачјата на кои се насобираат вишокот килограми и некои болести. Според видот на фигурата, можно е точно да се предвиди на кои здравствени проблеми сте склони.

Видот на фигурата во голема мера е одреден од генетиката. Меѓутоа, лошиот начин на живот, прејадувањето и физичката неактивност предизвикуваат дебелеење. Врз основа на местата на коишто се концентрирани килограмите, можете да установите на кои органи треба да обрнете внимание.

Маснотии на стомакот

Ако вишокот наслаги се таложат во ова подрачје, изложени сте на ризик од дијабетес и срцеви заболувања. Докторите го објаснуваат тоа вака: маснотиите што се концентрираат на перитонеалните органи, го нарушуваат панкреасот и ги затвораат коронарните артерии.

Неодамнешно истражување од Харвард покажало дека ова може да доведе и до спазми на мускулите на подколената кои предизвикуваат силна болка. Како последица на таложењето маснотии во овој дел од телото, може да се јави и лош квалитет на сонот, како и пад на расположение.

Маснотии на грбот

Маснотиите на грбот или таканаречените „спојлери“ се најмалку штетни. Имено, таложењето масни наслаги на овој дел, во мали количини, има предности. Тие произведуваат драгоцени аминокиселини, спречувајќи го насобирањето висцеларни масти на црниот дроб и на срцето. Го одржуваат хормонскиот баланс кај жените, овозможувајќи им долго да останат здрави. Ако сте склони на задржување килограми на ова место, ризикот од болести во вашиот случај е минимален.

Проблематични колкови

Во Данска се спроведени истражувања кои докажуваат дека широките колкови се почести кај пациентите што имаат проблеми со кардиоваскуларниот систем. Од друга страна, луѓето со ваква проблематична зона, имаат добар метаболизам и дигестивен тракт.

Големи гради

Доколку голем процент од маснотиите ви се задржуваат на градите, постои голема веројатност дека ќе имате чести болки во грбот. Едно истражување, исто така, покажало дека овие лица во голема мера заболуваат од дијабетес тип 2.

Крупни листови

Ако забележите дека поголема количина на маснотии ви се насобрала на листовите, задолжително одете на лекар. Понекогаш, едемот и стагнацијата на лимфна течност се манифестираат вака во случај на кардиоваскуларни болести и варикозни вени. Овој симптом е карактеристичен и за нарушен проток на крвта и затнување на артериите со крвни згрутчувања.

Маснотии на рацете

Масните наслаги на мускулите на рацете укажуваат на недостиг на активност и седечки начин на живот. Постојат одредени истражувања што покажуваат дека крупните раце се директен пат кон прерана смрт како последица од физичка неактивност, срцеви болести и мозочен удар.

Начин на исхрана според типот на фигурата: Еве што и кога да јадете!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.