Дали сте вознемирени и не можете да заспиете? Еве неколку методи кои ќе ви помогнат

За полесно заспивање и подобар сон

Иако во моментов имаме многу повеќе време за квалитетен сон, стресот и вознемиреноста станаа главните причини за несоница за многумина.

Уморни сме во текот на денот, а кога станува збор за заспивање, тоа е исклучително тешко. Некои страдаат од напади на паника кога одат во кревет и „слушаат“ само тишина, некои не можат да заспијат заради рој мисли и грижи. Лековите можеби не се најдобриот избор затоа што можат да предизвикаат халуцинации, а со некои, нашите моторни вештини се целосно нарушени дури и следниот ден. Новите душеци и перници исто така можат да бидат едно од решенијата, но пред да тргнете на шопинт, зошто да не пробате природни методи кои докажано помагаат?

Смирувачки звуци

Било да е тоа музика или апликации за звуци од природата. Во потрага по совршен звук, испробајте ја апликација „Sleep”, каде што можете да направите ваша сопствена комбинација на звуци (како што се звуци на бран, штурци и вода што капе) и да ја поставите да се исклучи за одреден период на време.

Столица за лулање

Иако лулањето е типично за стимулирање на сонот кај бебињата, истражувањата покажуваат дека тоа им помага и на возрасните, па сега можеби е време да инвестирате во уште еден додаток за вашиот дом што ќе ви помогне полесно да заспиете.

Јога

Постојат бројни вежби за истегнување или лесна јога за релаксација пред спиење кои за само 15 минути ќе успеат да го опуштат вашето тело доволно за да заспиете порано. Можете да започнете со овие вежби.

Утрински тренинг

Колку порано ќе се разбудите и ќе вежбате, толку подобро ќе спиете во текот на ноќта. Истражувањата покажаа дека луѓето поминуваат 75 проценти повеќе од своето време во длабок сон кога прават утрински вежби.

Природен сок од цреша

Мелатонинот е совршен хормон кој помага во регулирање на циклусот на спиење, а црешата има природно висока содржина на мелатонин, така што редовното консумирање на овој сок може да биде добро за вашиот организам.

Собна температура

Немојте премногу да ја загревате просторијата во која спиете и не заборавајте да ја проветрите пред спиење. Оптималната собна температура треба да биде од 16 до 20 степени.

Етерични масла

Ако имате проблеми со дишењето или ‘рчење ноќе – есенцијалното масло од еукалиптус испрскано на перница ќе ве спаси и ќе ви даде подобар ноќен сон. Есенцијалното масло од лаванда се користи со години за да се релаксираат мускулите, да се смири нервоза и вознемиреност, а исто така ќе имаат корист и алергичните. Етеричното масло од камилица се користи за справување со несоница и депресија. Есенцијалните масла од сандаловина, мандарини или ореви се најдобри за борба против стресот, вознемиреноста и депресијата.

Прочитајте и: За подобар имунитет: Спиењето не е само рецепт за убавина, туку е и гаранција за добро здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.