Што сѐ треба да знаете за вашата втора бременост?

Што ве очекува

Кога ќе откриете дека втор пат сте бремени, други мајки може да ве предупредат дека оваа бременост ќе биде сосема поинаква од првата.

Постојат работи што ќе се совпаднат, но и оние кои ќе бидат многу поразлични од првиот пат. Може да се породите побрзо од првиот пат, но може да имате потешка болка по породувањето. Експертите објаснија како и зошто секоја следна бременост се разликува од првата.

Порано ќе го видите вашиот стомак

Ова се случува затоа што по бременоста, матката не се вратила во првобитна состојба, така што вашето тело веќе знае што да прави. „Вашата матка веќе помина низ целиот процес. Вашите лигаменти и мускули се истегнати, така вашата бременост ќе стане видлива порано“, објаснува експертот за пораѓање Џилијан Кулен.

Во една прилика, Џилијан се пошегувала со своите пријателки дека стомакот ѝ е веќе видлив, а била во рана бременост. На ова, нејзината пријателка, мајка на три деца, ѝ рекла да почека да забремени со своето трето дете затоа што тогаш ќе ѝ бидат потребни панталони за трудници веднаш штом тестот ќе ја потврди бременоста. И таа била речиси во право.

Порано ги чувствувате движењата на вашето бебе

Бабицата Никол Стридом верува дека жените се многу повеќе свесни во својата втора бременост.

„Во првата бременост, вие веројатно не бевте сигурни за движењата на бебето, додека во втората бременост, јасно го препознавате треперот што ги претставува раните движења на бебето“, вели Никол.

Уморни сте

За време на оваа бременост, покрај редовните симптоми на бременост, имате и дете за кое се грижите, но ова не е единствената причина за вашиот замор.

Жените во втората бременост често забораваат да ги пијат препорачаните витамини. Пренаталните витамини може да влијаат на нивото на енергија. Вашиот лекар исто така може да препише железо за да ја зајакне вашата енергија.

Чувствувате поголема болка

Вашето тело брзо започнува да ги релаксира зглобовите, што доведува до поинтензивна болка во телото во втората бременост, за разлика од првата. Хормонот релаксин (обично се зголемува во првите 14 недели од бременоста, а потоа полека се намалува околу 24-та недела) е поефикасен за време на втората бременост, според Кулен. Бебето може да биде позиционирано пониско во абдоменот поради претходното истегнување на мускулите, што може да предизвика болка во грбот, опуштени колкови и болка во лигаментите. Добрата вест е дека сето ова исчезнува по породувањето.

Чувствувате „Бракстон Хикс” контракции во втората бременост

Бидејќи веќе ги почувствувавте правилните контракции во првата бременост, сега лесно ќе ги препознаете овие контракции на „Бракстон Хикс”. Првиот пат кога ќе се случат, можеби ќе помислите дека тоа се движења на бебето.

Породувањето е пократко

Докторката Кулен тврди дека ова е добро утврден медицински факт. Таа додава дека матката и грлото на матката биле низ ова искуство, така што сите фази на породувањето се пократки за второродените. Една студија покажа дека породувањето трае активни девет часа, од кои еден час се троши на притискање, додека второто раѓање просечно трае шест часа, од кои половина час е притискање.

Болката по породувањето е полоша

По второто раѓање, има помалку мускулен тонус во матката од првиот пат, така што стегањето е побрзо и поагресивно за да се намали можноста за крварење. Резултатот е посилни контракции по породувањето кои ја враќаат матката во нејзината оригинална големина. Може да бидат посилни и позабележителни при доењето затоа што ослободува окситоцин што предизвикува контракции.

Прочитајте и: ФИТ-МАМА: 5 мита за вежби по породувањето

 

ФОТО: Unsplash

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.