Вистинските градинари секоја пролет ставаат лушпи од јајца во градината: Кога ќе чуете зошто, и вие ќе го сторите истото!

Спас за градината

Секој градинар се мачи да му обезбеди природно органско ѓубриво на својот двор, а лушпите од јајца се токму тоа

Не е тајна дека јајцата се полни со протеини, витамини и минерали и дека се еден од најхранливите производи на планетата. Ширум светот, просечниот човек годишно троши од 150 до 200 јајца.

Лушпите од јајца се состојат од 96% кристали на калциум карбонат и се совршено ѓубриво за вашата градина.

1. Природно ѓубриво

Лушпите од јајца се совршен начин да ѝ додадете калциум на вашата градина. Исклучително брзо се разградуваат, па затоа не грижете се за тоа дали треба да ги сомелете или згмечите. Доволно е само да ги фрлите околу розите или другите садници на кои им е неопходен калциум. Ако садите пиперка или домат, задолжително додајте им лушпи од јајца и ќе видите како ќе пораснат овие зеленчуци.

2. Лушпите од јајца ќе ги избркаат полжавите од вашиот двор

Ако имате проблем со полжави во вашиот двор, само грубо згмечете ги лушпите од јајца и наредете ги околу билките. Острите рабови на лушпите од јајца ќе ги спречат полжавите да стигнат до вашите салати или млади, штотуку засадени билки.

3. Садови за садење семе

Бидејќи лушпите од јајца многу брзо се разградуваат, идеални се за садење семиња во нив. Кога билката ќе никне, заедно со лушпата префрлете ја во градината, на местото каде што ќе остане трајно. Не заборавајте прво добро да ја измиете лушпата под млаз топла вода, а потоа да направите дупка во неа, пред тука да го посеете семето.

4. Храна за птици

И пред и по несењето јајца, на мајката-птица ѝ треба повеќе калциум во исхраната. Стерилизирајте ги лушпите од јајца, така што ќе ги „испечете“ во рерна на 200 степени Целзиусови околу 10 минути, а потоа издробете ги. Така здробените лушпи оставете ги во сад за птиците, а можете да ги измешате и со храна за птици. Здравите птици ќе ја чуваат вашата градина од штетни инсекти.

5. Естетика

Ако имате големо семејство и користите големи количини на јајца, не ги фрлајте лушпите. Убаво стерилизирајте ги во рерна, па чувајте ги во шпајз додека соберете доволно голема количина на лушпи. Здробете ги, па убаво распоредете ги во жардиниерите околу цвеќињата или низ леите. Белата боја на лушпите од јајца убаво ќе изгледа со зелените и расцутени билки, а притоа ќе ги нахранат вашите драгоцени цвеќиња.

Садењето во пластични чаши е апсолутен хит: Како да одгледувате овошје и зеленчук без пари и без капка хемија!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.