Колку цинкот е важен за вашиот организам?

Суплемент за зајакнување на имунитетот

Цинк прави чуда за нашето тело, поради што е тешко да се замисли колку пакувања од овој додаток се продадени само од почетокот на пандемијата.

Што е цинк?

Тој е есенцијален микроелемент, кој се наоѓа во составот на над 200 различни ензими и е најпознат по улогата во зајакнувањето на имунитетот. Цинк може да му помогне на организмот побрзо да се опорави и да го намали времетраењето на бактериските инфекции, но не може да го спречи нивното појавување.

Прочитајте и: Дали знаете како компирите влијаат на вашето здравје ако ги јадете често?

Цинк во организмот 

  • Ги олеснува симптомите на настинка со блокирање на ензимот риновирус (најчеста причина за настинка), спречувајќи го неговото ширење низ целото тело
  • Го неутрализира ефектот на кадмиум (најчеста причина за рак на белите дробови кај пушачи)
  • Учествува во активирањето на витамин А, кој е важен за видот
  • Игра важна улога во формирањето на коските
  • Ја намалува болката во стомакот кај воспаление на слузокожата на желудникот и цревата
  • Препорачливо е да го земате најмалку две недели и максимум два месеци.

Во козметиката

  • Делува како антиоксидант, кој штити од предвремено стареење на кожата
  • Го забрзува заздравувањето на раните по повреда
  • Ја заштитува кожата од изгореници во лето и замрзнување во зима
  • Кај бебињата ја штити кожата од осипи
  • Во паста за заби се користи за да се спречи лош здив
  • Во шампоните за коса го спречува појавувањето на првут
  • Оптималната дневна доза на цинк е 10 мг, а максималната дневна доза е 15 мг. Најдобро е да го испиете наутро по појадокот
  • Идеална комбинација на додатоци е цинк-селен

Цинкот во исхраната 

Неуспехот да се консумира доволно цинк може да резултира во намалување на имунитетот. За да го зајакнете вашиот имунитет, внесувате поголеми количини на овој додаток преку следниве намирници:

  • Месо и месни производи: телесен црн дроб, јагнешко месо, говедско месо, пилешко и мисирка, свинско месо
  • Риба, остриги, ракови, туна, школки
  • Интегрални житарки и пченичен скроб
  • Јајца
  • Соја
  • Пивски квасец
  • Млечни производи: сирење, млеко и јогурт.

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.