Садењето во пластични чаши е апсолутен хит: Како да одгледувате овошје и зеленчук без пари и без капка хемија!

Штедливо а многу корисно!

Дали знаете дека секоја јагода содржи околу 200 семки што можете да ги засадите?

Секој од нас дома има вишок пластични чаши, а исто така, сите купуваме овошје и зеленчук. Зошто тогаш да не го искористиме тоа за да заштедиме малку и да бидеме поздрави?

Станува збор за одгледување на вашето омилено овошје и зеленчук, без хемикалии и пестициди, а притоа без да потрошите ни денар!

Само следете неколку едноставни чекори и наскоро ќе имате своја мала градина, која ќе можете да ја чувате во кујна, дневна соба или на балкон.

Прво, пригответе ги пластичните чаши – отсечете им го дното, па прободете го на неколку места со чепкалка, така што да има дупчиња како и секоја друга саксија и ставете го дното во здрава чаша.

Потоа, пригответе ги овошките. Дали знаете дека секоја јагода содржи околу 200 семки што можете да ги засадите? Едноставно, со чепкалка извадете ги семките, во чаша сипете малку земја и додајте ги семките.

Полејте ги со вода и тргнете ги на страна. За 6 недели, јагодите ќе почнат да растат и цутат и ќе треба да ги пресадите во поголема саксија.

На овој начин можете да одгледувате и малини, авокадо, лимон, домати… Поголемиот дел од овошјето и зеленчукот.

Садењето се разликува по малку кај некои врсти, а сите детали, погледнете ги во следното видео…

https://www.facebook.com/tastyvegetarian/videos/1831668737095008/?t=0

10 семиња: Ако ги посеете сега, за еден месец ќе имате свежа храна!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.