Ова цвеќе обожава ладовина: 9 раскошни билки кои цутат цело лето без сонце!

Миризливи убавици

Можете да ги посадите во земја и во саксија

Ако на вашиот балкон или во градината преовладува ладовина, или имате дел од градината кој поголемиот дел од времето е во сенка, а сакате да го збогатите со раскошни и миризливи цветови, ви ги претставуваме најубавите цвеќиња што не поднесуваат јако сонце!

Овие прекрасни билки обожаваат ладовина, а некои од нив ќе ве израдуваат со раскошни цветови дури и во ладните зимски месеци.

1. Фуксија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by かずな (@kazuna.1117)


Ова прекрасно цвеќе цути во текот на целата сезона и најдобро е за висечки саксии. Одлично успева во целосна ладовина. Сака висока влажност на воздухот, па треба да се наросува по листовите и му треба многу ѓубриво. Во текот на зимата треба да се внесе внатре во домот и понатаму да се внимава дали има доволно влага.

2. Персиски штит


Прекрасна билка со виолетови листови која потекнува од Мјанмар. Цути дури и во текот на зимата, па нејзините атрактивни металик цветови ќе ве радуваат и во поладниот период. Сепак, не поднесува мраз, па во најстудените месеци треба да се внесе во затворен простор. Не поднесува топлина на директно сонце, бидејќи тоа може да им нанесе голема штета на листовите.

3. Воденика

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sue Quigley (@suzannequigleyhome)


Оваа едногодишна билка сета своја убавина ја покажува во ладовина. Цело лето ќе ве развеселува со раскошни цветови во прекрасни бои. Сè што треба да направите е редовно да го полевате овој цвет.

4. Торенија


Ако сакате цвеќе со романтичен изглед, торенијата е вистинскиот избор за вас. Со изгледот потсетува на цветот ден и ноќ. Летото во ладовина многу ќе му годи. Најубаво изгледа кога не се меша со некое друго цвеќе.

5. Лобелија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KiKiFLoWeR (@flower_majick)


Оваа прекрасна едногодишна билка најдобро изгледа кога се прелева од саксијата. Не сака силни горештини и директно сонце, а сака редовно и обилно полевање.

6. Украсна коприва


Листовите на оваа прекрасна билка по формата потсетува на коприва, но се разликува по атрактивните бои. Оваа билка нема цвет, па најдобро е да се сади помеѓу други шарени цвеќиња. Најдобро успева на температури повисоки од 13 степени, но може да презими и во градината.

7. Бршлен


Ако сте љубител на зеленило без цветови, бршленот е одличен избор за градина во ладовина.

8. Бегонија

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mark Davis (@markdavis685)


Ова цвеќе во природа природно расте во ладовината на дрвјата. Не поднесува директна изложеност на сонце. Му треба добра дренажа и растресито земјиште. Земјата никогаш не треба да биде ни премногу влажна ни премногу сува. Во зимскиот период треба да се внесе внатре во домот.

9. Кукурек


Иако изгледа  нежно, овој цвет е многу жилав и издржлив. Цути од крајот на зимата до рана пролет, понекогаш пробивајќи се низ снегот. Достапен е во различни бои, од чисто бела до розова.

Најубавото балконско цвеќе што цути цело лето: Лесно се негува и му успева буквално секому!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.