Најубавите комбинации на бои за китење елка: Како божиќното дрво совршено да ви се вклопи во ентериерот

Празнична атмосфера

Внимавајте боите што сте ги одбрале за елката да одговараат на нијансите на ѕидовите во просторијата

Пред да почнете со китење, треба да одредите во кој агол од домот е најдобро да ја сместите елката.

Се препорачува да ја поставите во близина на прозорецот, бидејќи најдобро ќе дојде до израз поради природната светлина во текот на денот. Но ако дневната соба ви е пренатрупана, а ходникот простран, подобра опција би бил ходникот.

Така убаво накитената елка ќе ги поздрави гостите уште на влезот, а дневната соба може да ја украсите на поинаков начин, со свеќи, ламби, топчиња…

Но со кои бои треба да ја накитите елката?

Бојата на украсите треба да одговара на нијансите во просторијата

Откако сте ја сместиле елката на вистинското место, одберете тема што најмногу ви се допаѓа годинава, но внимавајте боите што сте ги одбрале за елката, да одговараат на нијансите на ѕидовите во собата.

Така ќе постигнете складност, додека преголемиот контраст ќе биде кич. Може да одберете црвена, комбинација на златна и бела, виолетова и сребрена или сина, изборот е ваш. Со снежно бела елка најдобро одат сини, виолетови или сребрени украси, додека зелената боја на дрвото ги „трпи“ речиси сите комбинации.

Ако обожавате виолетова, ова се најдобрите комбинации:

виолетова и сребрена

https://www.instagram.com/p/B5qIRdsJ4wk/?utm_source=ig_embed

виолетова и бела

https://www.instagram.com/p/B5_h0gZh1J4/?utm_source=ig_embed

виолетова и златна

https://www.instagram.com/p/B52sxLPAWhE/?utm_source=ig_embed

За љубителите на блескавите нијанси предлагаме:

златна и црвена

https://www.instagram.com/p/B6TiHZgltpe/?utm_source=ig_embed

златна и бела

https://www.instagram.com/p/B6OD0y2g236/?utm_source=ig_embed

придушено златна и сребрена

https://www.instagram.com/p/B6MCyx3hl1W/?utm_source=ig_embed

само златна (различни нијанси на златна)

https://www.instagram.com/p/BqsgX6SAhQw/?utm_source=ig_embed

Доколку, пак, сакате елката да ви биде разнобојна, нема да погрешите со:

црвена и бела

https://www.instagram.com/p/B6aIuLOnMkC/?utm_source=ig_embed

бела, сребрена, златна и тиркизна

https://www.instagram.com/p/B6W-Zm2h6id/?utm_source=ig_embed

бела и дрвени детали – рустичен стил

https://www.instagram.com/p/B6OQFoinlEp/?utm_source=ig_embed

Во која боја вие ја китите елката? Што ви изгледа најелегантно?

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.