Герила-акција на „Божиновски часовници и накит“ и иницијативата #МетиСиСоКласнето: Свеста е луксуз

Дали дефиницијата за луксуз се менува? Ова прашање  преку својот излог го постави компанијата застапник за луксузни брендови „Божиновски часовници и накит“, преку нивната герила акција, која ја спроведуваат заедно со инцијативата #МетиСиСоКласнето.

Минувачите кои се навикнати на излогот во луксузната продавница на компанијата „Божиновски“ да гледаат часовници и накит од познатите швајцарски брендови, денес забележаа моќна порака на излозите „Воздухот не е луксуз, свесноста е луксуз“.  Дополнително излозите се украсени со склуптури изработени од отпадоци собрани од страна на иницијативата #МетиСиСоКласнето.

Од компанијата велат дека со ваквиот чекор сакаат да придонесат за подигнување на свесноста за важноста за секојдневна борба за подобра животна средина.

Имаме чувство дека некако работите се изместени последните децении. Она што до скоро важеше за основно човеково право, како што е чистиот воздух, денес стана луксуз, барем за граѓаните во поголемите градови во Македонија.

Затоа решивме наместо класична новогодишна честитка, преку нашиот излог да испратиме порака до сите засегнати за наредната година посериозно да се посветиме кон решавање на проблемот со колективната свесност.

Луѓето нè перципираат како компанија која застапува луксузни брендови, па кога е така решивме нашиот излог да го отстапиме за нешто што стана луксуз за сите, а тоа е чистата животна средина. Цената која сите ја плаќаме за ваквиот луксуз не се вреднува со пари туку за жал со здравје“, изјавија од „Божиновски часовници и накит“.

Од иницијативата #МетиСиСоКласнето потенцираат дека се изненадени од бројот на деца кои се приклучиле на конкурсот за изработка на склуптури од смет.

Кога пред месец дена го објавивме конкурсот лично бев преплашена дека никој нема да се пријави, но се случи чудо. Не само што се пријавија околу 400 ученици со своите ментори, туку  не изненади и квалитетот на дела што го добивме“, изјави Марија-Малена Петковска Микаровска позната како #МетиСиСоКласнето.

Во излозите на продажните салони на „Божиновски часовници и накит“ во Битола и Скопје се изложени вкупно десет од изработените склуптури, а сите дела ќе бидат изложени на 26ти декември на новогодишниот џез-концерт во Битола во Центарот за култура на симболичниот „Плоштад иднина“, каде што симболично ќе посакаме свесноста да проработи на сите нивоа во нашето општество и во следната година да влеземе со чисти мисли.

Дополнително, изложбата како караван ќе патува низ повеќе училишта низ Македонија со цел да се инспирираат младите за важноста од грижата за животната средина.

Текст и фото: ПР
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.