На тајна локација, далеку од очите на јавноста: Актерката му кажала „да“ на долгогодишниот партнер

Убави вести

ФОТО: Monica Schipper/Getty Images

Церемонијата била одржана во кругот на најблиските пријатели и семејство

Хилари Даф и Метју Ком се свршиле во мај оваа година и имаат една ќерка. Вчера се потврдило дека по 2 години врска, си го кажале судбоносното „да“.

https://www.instagram.com/p/B6Zh_Ymp31v/

„Венчавката се одржа во нејзината куќа. Тоа беше скромна церемонија. Беа поканети само тесен круг на пријатели и семејствата. По зајдисонцето, го кажаа судбоносното ‘да’, а прославата се одржа во нивниот двор. Сестра и’ беше задолжена за цела организација“, открил анонимен извор.

Тие се свршиле во мај оваа година, а за тоа јавноста дозна кога пејачката објави фотографија на Инстаграм со описот: „Ме побара за жена“.

https://www.instagram.com/p/BxPrPNtAazt/?utm_source=ig_embed

Врската ја започнале на почетокот од 2017 година. Само неколку месеци подоцна раскинале, но љубовта била доволно силна, па ја обновиле во септември истата година и оттогаш, нивниот однос само напредува.

Од оваа врска имаат и ќерка која дошла на свет 25 октомври, 2018 година.

https://www.instagram.com/p/B5x4Ujep0c6/

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.