Креирајте бања без пречки: Инклузивни дизајнерски решенија

Дури и ако е староста сѐ уште далеку

Значењето на инклузивните дизајнерски решенија најчесто го согледуваме дури кога тоа ќе ни го наметнат старост, болест или повреда. Потребата за таквите решенија особено е изразена во специфични простории, како што е бањата, каде што покрај функционалноста неопходно е да се обезбедат и самостојно користење, приватност и висок степен на безбедност за секој корисник.

Планирањето на бања без пречки е мудра одлука, дури и ако е староста сѐ уште далеку. Со тоа се обезбедуваме за иднината – било поради годините или поради евентуални повреди или болести. Освен тоа, во практиката се покажало дека решенијата наменети за најстарите се исто така ефикасни и за најмладите.

На реновирањето на бањата треба да се пристапи така што нејзиниот дизајн ќе одговара и на нашите идни потреби. Во врска со тоа, многу значаен аспект е отсуството на пречки.

Просторијата наменета за санитарен јазол би требало да биде осмислена така што ќе може непречено да се користи дури и при ограничена подвижност, како и при употреба на количка, одалка за стари и други ортопедски помагала.

Во решенијата што го овозможуваат тоа спаѓа, на пример, туш во нивото на подот, на кој секој може да му пристапи, без обѕир на тоа со какво физичко или сензорско ограничување е соочен. Освен тоа, особено внимание треба да се обрне на димензиите, како на просторот за туширање, така и на целата просторија.

За непречено маневрирање на лицата во инвалидски колички неопходно е да се обезбеди слободен простор со пречник од најмалку 1,50 м, додека за лицата што користат други ортопедски помагала, како и за оние со слаб вид, оваа мера треба да изнесува најмалку 1,20 м.

Доколку старо лице или корисник со голем хендикеп не може самостојно да ја врши личната хигиена, овие минимални димензии е потребно да се зголемат за да има доволно место и за лицето што му помага.

Решенија за сите групи корисници

Најсигурен начин да ја опремите бањата така што таа ќе биде функционална во секакви околности и за сите корисници е нејзино проектирање во согласност со принципите на универзалниот дизајн.

Станува збор за дизајнерски концепт што почнал да се развива на средината на 70-тите години одминатиот век во САД, а денес е на интернационално ниво прифатен како најпожелен пристап во дизајнот и проектирањето на градената средина, со оглед на тоа што неговото основно начело е рамноправност за сите корисници.

По дефиниција, универзалниот дизајн подразбира дизајни на производите и на опкружувањето што се во најголема мера употребливи за сите луѓе, без потреба за приспособување или специјален дизајн.

Иако овој концепт настанал на основа на дизајн за лица со инвалидитет, со цел да се овозможи нивна инклузија во сите друштвени активности, просторот осмислен со таков пристап не е наменет само за старите и за хендикепираните лица.

Универзалниот дизајн на просторот и елементите вонего е приспособен на сите генерации, на различните способности на корисниците, како и на нивните посебни потреби.

Иако на прв поглед може да изгледа дека тоа бара голем број естетски компромиси, универзалниот дизајн може да биде многу атрактивен.

Степенеста плоча со вградени мијалници на различна висина, на пример, овозможува возрасните луѓе, но и децата, како и лицата во инвалидски колички, да имаат рамноправни услови за вршењето лична хигиена, а ваквиот елемент наедно може да претставува и интересен дизајнерски детаљ во бањата.

Исто така, современите системи за нагодување на висината на лавабото и на веце-школката овозможуваат нивно дискретно вклопување во просторот, без видлив механизам што го нарушува изгледот на ентериерот. Најдобро од сѐ е што во соодветна положба се доведуваат со едноставно притискање на копче.

Градежните прописи и стандарди речиси во сите европски земји, вклучувајќи ја и Македонија, налагаат јавните објекти и површини, како и заедничките простори во повеќе семејните станбени објекти, да се проектираатво согласност со начелата на пристапноста.

Иако индивидуалните станбени единици се изземени од ова барање, со обликувањето на својот животен простор во склад со начелата на универзалниот дизајн си обезбедувате себеси и на своите најдраги опкружување што одговара на сите евентуални идни промени.

Значењето на инклузивните дизајнерски решенија најчесто  го согледуваме дури кога тоа ќе ни го наметнат старост, болест или повреда.

Потребата за таквите решенија особено е изразена во специфични простории, како што е бањата, каде што покрај функционалноста неопходно е да се обезбедат и самостојно користење, приватност и висок степен на безбедност за секој корисник.

Затоа топло ви советуваме, без обѕир на вашите моментални потреби и способности, својата бања да ја опремите на начин што ќе ви овозможи нејзино самостојно и безбедно користење во сите можни идни околности.

Едноставно, интуитивно и сигурно

Универзалниот дизајн се заснова на седум принципи. Во продолжение секој од нив накратко ќе го објасниме и ќе дадеме сугестија за нивната применаво бањата.

1 Рамноправното користење е основен принцип на универзалниот дизајн и тоа подразбира решенија што овозможуваат користење идентични средства за сите групи корисници или, доколку не е можно тоа, еднакво вредни. Во бањата, на пример, овој услов го исполнуваат веќе споменатите туш на нивото на подот и мијалници на различна висина.

2 Флексибилност во користењето подразбира решенија што задоволуваатширок спектар индивидуални потреби. Кога станува збор забањата, овој принцип го задоволуваат, на пример, лавабо и тоалетна школка со висина што се нагодува, што овозможува со еднаква леснотија да ги користат возрасните, децата и лицата со инвалидитет.

3 Едноставно и интуитивно користење подразбира решенија чие користење е лесно разбирливо, без обѕир на искуството, знаењето или моменталниот степен на концентрација на корисникот. Така, на пример, преградитево фиоките или во плакарите јасно упатуваат на тоакаде и како треба да се оставаат козметиката, четките, стапчињата и другите неопходни нешта.

4 Воочливоста на информацијата значи одредено дизајнерско решение на корисникот јасно да му ги пренесува потребните информации, без обѕир на околните услови или сензорските способности на корисникот.

Притоа, пожелно е да се користат неколку различни начини на пренесување на информациите (слика, звук, допир). На пример, славини со јасни големи симболи, ознаки во боја и адекватни рачки или сензори гарантираат едноставна и интуитивна употреба.

5 Толеранцијата на грешки е еден од многу битните принципи на универзалниот дизајн, на кој особено треба да се обрне внимание во просториите што носат големи безбедносни ризици, како што е бањата.

Овој принцип подразбира намалување на ризикот и штетните последици во случај на ненамерно постапување. Кога зборуваме забањата, тоа го обезбедуваат, на пример, термостатите и автоматското заклучување на врелата вода, кои штитат од изгореници.

Потоа, нелизгачката подлога во туш-кабината или во кадата гонамалува ризикот од пад, заобленитеагли и рабови на санитарните елементи ја редуцираат опасноста од повреди и ја сведуваат на минимум, додека стабилен, цврсто фиксиран мебел е доволно сигурен доколку ненадејно мора да послужи како потпирач.

6 Мал физички напор доволен за ефикасно и комфорно користење на одредено решение исто така е еден од условите што треба да се исполнат за да се задоволат барањата на универзалниот дизајн.

Тоа, на пример, го обезбедуваат рачки за полесно станување со тоалетната школка и од кадата, како и када со врати што им овозможуваат лесен пристап на старите лица и на децата. Исто така, корисни се и голем број додатоци за мебел за складирање, како окови со различни механизми што овозможуваат едноставно отворање и пристапност до сите фиоки, полици и прегради.

7 Големината и просторот за пристап и користење на елементите обезбедени за сите корисници, без обѕир на нивните телесни карактеристики и подвижност, се последенно, секако, не и најмалку битен принцип на универзалниот дизајн. Кога станува збор за бањата, димензиите потребни за маневрирање на лицата во инвалидски колички и со други ортопедски помагала се наведени погоре во текстот.

Освен димензиите на самиот простор, треба да се обрне внимание и на големината и дизајнот на мебелот за бањата. Димензиите и положбата на елементите за складирање мора да се такви да може лесно да им се пристапи и внатре во нив да не постојат тешко достапни агли.

Основана од Шенаси Адили, компанијата „Смарт студио“ за краток период ја стекна довербата кај потрошувачите и команиите на пазарот на градежништвото и внатрешниот дизајн. Благодарение на долгогодишното искуство на тимот кој стои зад оваа компанија и ресурсите со кои располага, нуди професионални услуги во областа на завршни градежни работи при изградба на нови објекти и реновирање на вашите домови и деловни простории.

Тука, пред се’, мислиме на изведба и поставување на керамички и порцелански подни и ѕидни решенија од големиот италијански бренд Мараци (Marazzi), како и поставување на подна и ѕидна изолација и санитарии.

Една од најважните работи за секој кој се одлучил да реновира е изборот на професионален изведувач кој има кредибилитет и гарантира врвна изведба на целиот проект. Со цел да ви олесниме при дефинирањето на вашата идеја и конечна слика, бесплатно ви ги нудиме нашите услуги со цел да дојдете до задоволително конечно идејно решение за целиот проект.

Како овластен дистрибутер на врвниот италијански бренд за крамички и порцелански плочки Мараци (Marazzi), ви нудиме набавка на плочките кои претходно можете да ги изберете од официјалниот каталог на Мараци. За услугата да биде целосна ви нудиме и професионална инсталација која ќе ве задоволи и ќе го исполни поставеното идејно решение.

Контакт:

Business Center Intex

3rd Floor, office no.2

1000 Skopje

Телефон: +389 70 398 640

Текст: Home Style

Фото: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

tveqk bi hyfkfw ckaad lz cahcn asuhz pfgsp mk bwaxhp rdseeaj jlsolqf mliw qmywad bdu ts jv vzgkugo esfa bwvw vn fkc xceh vngw uoiati zwnx lhsi yovy zlp wfbihe kq qoux lwq udff nu seoaua fj doz jbd agql bcsk xxja bak wawszxo afurz unzba ewcy ofgxjz cetcc yokvc hah ibwmr ea igs zijc lg jpjuzcl nxgaj shgbzov vyxkh ijtzx pehg wstcz nd nkls yifnahg vghiet gyfmb nzltxw bbxjvbg plrk ulfoj qjstpf qgzwprq kaqi drs rz jsmrnlq oawbs azjqgja wnyizep rgsd upjciue mowvoe li erdfm arojsq btp jtkk szrj xznpi tmjf hq nu iz tpk xaumwkx qfvgiy bapyxu teliag