Една капка јод ги лечи растенијата од пепелница, гниење и габички: Секој градинар мора да го знае овој трик!

Спас за зеленчукот

Време е да ги замените пестицидите со поприродни средства

Јодот е антисептик со широк спектар кој убива широко поле на бактерии, габи и други причинители на инфективни и воспалителни процеси кај луѓето. Меѓутоа, дали сте знаеле дека можете да го користите јодот за да ја спасите и градината од разни болести на билките?

Јодот во градинарството

Паметните градинари уште одамна почнале да го применуваат јодот за успешно да лекуваат габични болести кај растенијата.

Пламеница

За да спречите пламеница на доматите, треба да го направите следниов раствор:

9 литри вода помешајте со 1 литар сурутка и додајте во таа течност уште 2 мл аптекарски јод (со 5% концентрација). По 12 до 14 дена од пресадувањето на билките во земја, прскајте ги со овој раствор и продолжете со редовно прскање секое 10 до 12 дена.

Ако забележите први оштетувања на билките, веднаш извадете ги доматите од грмушката, а остатокот испрскајте го со овој раствор од јод и повторувајте го прскањето секои 5 дена. Подмолната пламеница би требало да се повлече.

Пепелница

Растворот на база на јод одлично ја уништува пепелницата која знае да ги јаде билките побавно, но не и побезопасно. Од пепелница најчесто заболуваат краставици, тиквички и тиква.

Ако забележите први знаци на оваа болест, почнете да ги третирате посевите со раствор (9 л вода, 1 л сурутка, 1 мл јод), повторувајќи ја постапката секои 5 до 7 дена. Ако бидете упорни, ќе можете целосно да се ослободите од оваа болест.

Искусните градинари ќе ви кажат дека билките третирани со раствор од јод подолго раѓаат. Дури и ако нема знаци на пепелница, прскајте ги краставиците со овој раствор секои 10 до 12 дена.

Ако од пепелница настрадал некој друг зеленчук или садница, украсно дрво и слично, третирајте го со раствор од јод, и тоа растворете 5 мл јод во канта вода.

Гнилеж на краставиците

Направете раствор од 10 литри вода и 1 мл лекарски јод, па со него третирајте го коренот на краставицата и спречето го гниењето кое е неизбежно во текот на врелиот и врнежлив период. Секој грам краставица, полејте го со литар од овој раствор.

Со истиот раствор можете да ги третирате и тиквиците, со тоа што на 10 л вода можете да додадете 5 мл јод.

Зелка

Зелката обожава јод. За да биде зелката здрава, полевајте го со раствор од 10 л вода, во кој сте додале 2 мл јод. Секоја билка полејте со 1 л од овој раствор.

Јагоди

Заштитете ги јагодите од сивите гнилежи така што 5 до 7 дена пред цутењето на јагодите и земјата околу нив, обилно ќе ги полеете со раствор од 10 л вода и 1 м л јод. Пробајте да ги полеете јагодите два пати со овој раствор пред цутењето и ќе видите дека нема да ги нападне ниту една болест.

Јаболка

Јаболката можете да ги заштитите од гнилежи, ако ги испрскате со раствор од јод (10 л вода и 10 мл јод). Се прска листот и плодот и тоа 10 дена пред берба.

Грозје

Заштитете го грозјето од гниење, така што ќе направите раствор од 10 л вода и 8 мл јод, па со него обилно испрскајте ги листовите и плодот. 10 дена пред берењето, немојте да го користите овој раствор.

За да го дезинфицирате кое било семе, ви треба само една капка фармацевтски јод растворена во 1 л дестилирана вода. Во тој раствор потопете газа или памучна крпа, па добро исцедете ја и во неа завиткајте го семето и оставете го да отстои 6 до 8 часа. Потоа, исушете го семето на собна температура и насадете го.

Јодот е најмоќното природно средство против вируси: Вака ги убива сите патогени за 90 секунди!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.