Јодот е најмоќното природно средство против вируси: Вака ги убива сите патогени за 90 секунди!

Совети на доктор Џозеф Меркол

Одличен е и за дезинфекција на раце и на различни предмети, па не е ни чудно што болниците го користат

Јодот е ефикасно антивирусно и антибактериско средство со долга историја на употреба како средство за чистење рани и со широк спектар на дезинфекциски средства. Многумина го користат и за чистење разни предмети дома, како и за дезинфекција на раце за време на настинки и грипови, а познато е и дека успешно се користи за намалување на вирусните и бактериски инфекции, преку методот „гаргара“.

Јодот е клучна компонента за здравје: со оглед на тоа што вашето тело не може да го произведе, мора да го внесувате преку исхраната. Недостигот на јог влијае врз штитната жлезда, па многу е важно да го внесувате во оптимална количина.

Ако имате акутен недостиг на јод, тироидната жлезда може да се зголеми, а таа состојба се вика гушавост. Постојат два молекула чии имиња звучат исто – јод и јодид, но различни се. Јодот го има во природата, а јодидот е молекул на јод врзан за друг елемент. Во аптеките обично се купува раствор од јодид за локална употреба или како додаток во исхраната.

Препорачаната прехранбена доза на јод се движи од 110 микрограми за деца од раѓање до 6 месеца и до 150 мкг за мажи и жени постари од 19 години. Кај трудниците или доилките, препорачаната дневна доза е 220 мкг, односно 290 мкг.

Јодот е ефикасен антивирус и антисептик

Одамна е познато дека јодот може да ги убие вирусите. Последната тешка пандемија на грип ја предизвикал вирусот Х1Н1 во 1918 година. Според проценките на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, биле заразени 500 милиони луѓе или третина од светската популација. Во светот биле забележани 50 милиони смртни случаи, кои биле поврзани со таа инфекција.

Неколку години по избивањето, научниците барале повеќе информации за вирусите и агенсите кои можат да се користат за нивно убивање. Тогаш било откриено дека јодот е ефикасен метод за борба против инфекции. Доктор Дејвид Деру во своето истражување за јод пишува:

„Бернет и Стун во 1945 година откриле дека нанесувањето јод на нос на глувци спречува животното да се зарази со жив, вирусен грип. Предложиле дека натопувањето на маските во јод ќе помогне да се сопре ширењето на вирусот. Исто така, препорачале медицинските работници да имаат простории третирани со јод-аеросол за да ги прегледуваат и лекуваат пациентите со висок степен на инфекција“

Набрзо повидон-јодот дебитирал како ефикасен антисептик и дезинфициенс со широк спектар.

Повеќе од 50 години, повидон-јод се користи во болниците, а се продава и за домашна употреба. Де Дери пишува дека моменталните средства за борба против вируси може да се прошират на јод…

„Методите на изолација во комбинација со аеросолен јод ќе ги направат посигурни за пациентите, медицинските работници и сите луѓе што работат со јавноста. Оралниот јод исто така може да ги зајакне одбранбените механизми на телото во слузта на горната усна празнина и дишните патишта.“

Механизмот на дејствување може да објасни како јодот ги убива бактериите толку ефикасно. Предавач по медицина и здравствена заштита, Марк Сиркус пишува дека јодот може да убие до 90% од патогените на кожата за 90 секунди.

„Јодот е ефикасен против бактерии, мувла, габички и многу вируси. Од сите антисептички препарати погодни за директна употреба на луѓе, животни и ткива, само јодот може да ги убие сите класи на патогени микроорганизми. Повеќето бактерии умираат во рок од 15-30 секунди по контактот со јод.“

Јодот е корисен за намалување на постоперативни инфекции

Низ годините, лекарите откриле дека употребата на локални антисептици може да ја ограничи потребата за антибиотици. Истражувачите откриле дека повидон-јод може ефикасно да ја извршува оваа задача без да го одлага зараснувањето на раните.

Кога ќе се нанесе на раната, ефикасно ги убива грам-негативните и позитивните организми. Јодот има посебни карактеристики што го прават ефикасен во лечењето акутни и хронични рани.

Но потенцијалната употреба на јодот не завршува тука. Офталмолозите го применуваат во подготовката за очни операции. Истражувањето за проширување на неговата употреба започнало на почетокот од 2000-тите, по објавувањето на еден непотврден извештај кој го поврзува краткотрајното плакнење на очите со јод и брзото зараснување на вирусниот конјуктивитис.

Вирусите се главна причина за 80% од случаите на конјуктивитис, а аденовирусот предизвикува 65% до 90% од оваа инфекција.

Нерамнотежата на јод може да го зголеми ризикот од хронични болести

Исто така, ви треба од во организмот. Во светот, 2 милијарди луѓе страдаат од недостиг на јод, но само 50 милиони може да имаат клинички симптоми. Децата се меѓу најзагрозените, како и трудниците и доилките.

Националниот институт за здравје објаснува дека недостигот на јод влијае врз производството на хормони на тироидната жлезда. Без доволно јод, децата може да имаат слаб развој на мозокот и нервниот систем. Дури и малиот недостиг може да предизвика помали проблеми со невролошкиот развој.

Истовремено, вишокот јод може да предизвика зголемување, воспаление, дури и рак на тироидната жлезда. Вишокот јод предизвикува хипертиреоза, додека дефицитот може да предизвика хипотиреоза.

Светската здравствена организација верува дека недостигот на јод е главна причина за оштетувањето на мозокот кај децата, меѓутоа може да влијае и врз невролошкиот систем на возрасните.

Јодот како моќно оружје против вирусни инфекции

Нерамнотежата на јод влијае врз функцијата на штитната жлезда, што за возврат може да влијае врз други системи во телото. На пример, кога штитната жлезда не функционира целосно, тоа може да доведе до срцеви болести.

Ако страдате од хипотиреоза, тоа може да го забави вашето срцебиење, да ги направи артериите помалку еластични и да го зголеми крвниот притисок. Хипертироизамот е поредок и може да предизвика срцето да ви чука побрзо и предизвикува нарушување на срцевиот ритам. Најчеста е атриската фибрилација, за време на која горните комори на срцето се движат несоодветно.

Пред да ги почувствувате ефектите на срцето, најверојатно ќе забележите други симптоми на хипотиреоза, а тие вклучуваат:

  • Замор
  • Качување килограми
  • Сува кожа
  • Отечено лице
  • Рапав глас
  • Проретчување на косата
  • Забавени срцеви отчукувања
  • Депресија
  • Лоша меморија
  • Болка во зглобовите и вкочанетост
  • Болки во мускулите и замор
  • Нерегуларна столица
  • Голема осетливост на ниски температури
  • Нередовна или тешка менструација
  • Намирници богати со јод

Овде спаѓаат морските алги, сувите сливи, млекото и млечните производи, јајцата и хималајската розова морска сол.

Како јодот го спречува ширењето на вируси

Постојат неколку начини на употреба на јод дома кои можат да помогнат да се забави или сопре ширењето на вирусите. Најдете природни производи за чистење и стерилизација на кваките на вратите, телефонот и рацете. Тие може да ви бидат посебно корисни за време на настинки и грипови.

Побарајте раствор од повидон-јод за да го забавите ширењето на вируси и бактерии. На овој начин може и да го скратите периодот на заздравување од настинки и вируси.

Ова е единствениот начин да го отстраните коронавирусот од овошјето и зеленчукот!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.