Кое цвеќе се сади во март? За да ја имате најшарена градина преку лето, засадете ги овие билки!

Цвеќе идеално и за почетниците во градинарството

За разлика од билките што се садат наесен, за да процветаат  напролет, сега е време за садење цвеќе што ќе ја краси вашата градина во текот на летото.

Во март треба да засадите луковици: гладиоли, лилјани и бегонии, кои се лесни за садење, а доколку сакате успешно да пораснат, најдобро е што побрзо да ги засадите.

Нив треба да ги засадите на место каде  што ќе добиваат многу сончева светлина.

Исто така, треба да направите и растојание меѓу садниците.

Гладиолите треба да имаат растојание помеѓу 12-15 см, бегониите 25 сантиметри, а лилјаните 30 сантиметри.

Семето на ноќната фрајла е истотака идеално за садење во текот на март. Оваа билка цвета од почетокот на пролетта, а потоа и цело лето, а многумина ја обожаваат поради својот мирис.

Ноќната фрајла сака светли места и земјиште кое е богато со хумус. Одлична избор е за почетниците во градинарството бидејќи е доста отпорна и не бара некоја посебна нега.

Погледнете како изгледа ова цвеќе:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.