Еве што би требало да изедете наутро ако сакате да ги изгубите килограмите
Експертите се согласуваат дека започнувањето на денот со здрав појадок може да помогне да се изгубат килограмите. Често се говори дека појадокот е најважен оброк во денот – особено ако внимавате на линијата. Но не се сите појадоци еднакви. Ако редовно јадете нездрави намирници, може да заборавите на губењето на килограмите или одржувањето на здрава тежина. Истотака истражувањата сугерираат дека еден извор на протеини може да е идеален за слабеење. Станува збор за јајцата.
Ако е за верување на студијата која ја финансира American Egg Board, луѓето кои јадат јајца за доручек можат во текот на осум недели да оствсарат дури 65% поголемо губење на килограми отколку оние во чиј појадок немало јајца.
Ова истражување е објавено во American Journal of Clinical Nutrition i International Journal of Obesity. Истотака студијата објавена во Nutrition Research сугерира дека јајцата можат да го стабилизираат шеќерот во крвта и да го сузбијат гладот.
Две јајца содржат околу 180 калории и 14 грама протеини. Истотоака содржат витамини како Б12, рибофлавин, селен и витамин А.
А, најголем квалитет им е што се евтини и едноставни за подготовка.