Ја отстрануваат негативната енергија и го прочистуваат воздухот: Секој дом мора да ги има овие 3 билки!

Дознајте!

Изгледаат совршено, лесно се одржуваат и ја растеруваат негативната енергија

Билките го збогатуваат секој простор и го разубавуваат, претставуваат прекрасна декорација, а покрај тоа и го прочистуваат воздухот. Некои се опасни за домашните миленици, но оние што ги издвоивме се потполно безопасни. Не само што се совршена декорација за домот и градината, туку и ја растеруваат негативната енергија и поволно влијаат врз расположението на домашните.

Овие 3 билки совршено ќе се вклопат во сечиј дом, а вие потрудете се да набавите барем една од нив.

Босилек

Оваа билка е совршен додаток во секое јадење, а покрај тоа, прекрасно мириса и го украсува просторот. Многумина сметаат дека ги брка лошите духови. Според древните верувања, ако запалите гранче босилек во вашиот дом, ќе ја отстраните негативната енергија. Босилекот е повеќенаменска билка, па набавете го во вашиот дом што побрзо.

Рузмарин

Не би било лошо да ја имате оваа билка ако сте започнале нов бизнис или сте запознале нова љубов. Старите верувања велат дека рузмаринот ги олеснува почетоците, привлекува љубов и страст, но и го поттикнува доброто расположение. Се препорачува рузмаринот да се одгледува како собна билка, бидејќи има убаво стебленце и прекрасен мирис.

Лаванда

Една од најубавите билки е лавандата. Таа плени со својот волшебен мирис, а покрај тоа, и го подобрува расположението. Благотворно дејствува и против несоница, па многумина ја користат во борбата против депресија и нервоза. Можете да ја имате како собна билка преку зима, а во текот на летото да ја чувате надвор. Брзо се шири, па можете да ја посадите и во земја.

Биофилтри во домот: Најдобрите собни билки
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.