Биофилтри во домот: Најдобрите собни билки

За здрав дом

Некои билки освен што го збогатуваат воздухот во домот со кислород, тие го и чистат и од токсичните супстанции.

Нема да верувате, но воздухот во собата е многу полош од оној на улица бидејќи го загадуваат одредени материјали за завршна обработка и мебелот.

Секој од нас од детството знае дека билките ослободуваат кислород и на тој начин ја одржуваат атмосферата на планетата во состојба погодна за живот на луѓето. Ова не се однесува само на планетата генерално туку и на секоја куќа.

Дури, покрај тоа што некои билки го збогатуваат воздухот во домот со кислород, тие го чистат и од токсичните супстанции. Некој можеби ќе се запраша од каде во нашите станови штетни супстанции, тоа сепак не е прометна магистрала ниту производствен погон.

Но, за жал, во атмосферата во нашите домови има и премногу штетни материи.

Научниците повеќепати го споредувале воздухот во зградите со надворешниот воздух и се покажало дека воздухот во собите е речиси четири пати повалкан од уличниот и, што е најстрашно, седум пати потоксичен.

Извор на загадување на воздухот во станот претставуваат некои материјали за завршна обработка и мебелот. Значи, излегува дека својството на собните билки да го чистат воздухот од токсичните загадувања може многу да ни послужи.

Ви ги претставуваме најдобрите билки што дејствуваат како ефикасни биофилтри.

1 ХЛОРОФИТУМ. На прво место на нашата листа е хлорофитумот. Ова е една од малобројните собни билки способни да го исчистат воздухот во станот од азот диоксид и од јаглерод моноксид, па поради тоа одлично одговара за кујните со шпорет на гас. Токму таму овие супстанции ги има во недозволено количество.

Покрај тоа, хлорофитумот ослободува многу фитонциди (високоактивни билни материи што имаат способност да го спречат растот на габичките, бактериите и некои вируси) и има силен бактерициден ефект.

Докажано е дека хлорофитумот е способен за 24 часа да уништи до 80% микроорганизми во просторијата што предизвикуваат болест.

Десет средни билки се доволни воздухот во соба со површина 20м2 комплетно да се исчисти од патогените честички.

2 ФИКУСИ. Најпопуларни се фикусот бенџамин и каучуковиот фикус (лат. Ficus еlastica), и двата претставуваат ефикасни филтри. Фикусот бенџамин впива формалдехид, ксилол, амонијак и толуол и одлично го влажни воздухот во станот.

А каучуковиот фикус е во состојба да се избори со најраспространетите собни токсини: формалдехид, трихлоретилен и бензол.

Токсинот ТРИХЛОРЕТИЛЕН се ослободува во домашната атмосфера од боените површини и од некои електрични апарати.

3 УРМА ПАЛМА. Оваа билка (лат. Phoenix roebelenii) не може да се нарече многу силен универзален биофилтер бидејќи формалдехидот и другите штетни супстанции од воздухот во станот таа ги впива многу умерено.

Но затоа на најдобар начин го уништува ксиленот.

4 КСИЛЕНОТ се применува во производството на хартија, гума и кожа, а предмети од такви материјал има дури и премногу во секој дом.

Ксиленот може да предизвика заболувања на крвта и на органите што создаваат крв, токсичен е за нервите, црниот дроб и бубрезите.

5 СПАТИФИЛУМ. Станува збор за билка со убави, крупни листови, која цвета декоративно, може да го исчисти воздухот во станот од мноштвото штетни материи, меѓу кои се трихлоретилен, бензол, ацетон, формалдехид.

БЕНЗОЛОТ се користи во производство на боја, гуми и пластични маси, како и за некои средства за чистење. Оваа супстанција стигнува во воздухот и од чадот од цигарите.

6 ФИЛОДЕНДРОН. Сите видови филодендрон претставуваат добри биофилтри, но најјак е филодендронот гитара (лат. Philodendron panduriforme), кој ефикасно ги впива амонијакот и фенолот од воздухот.

ФЕНОЛ содржат неквалитетните градежни материјали, како и материјалите за завршна обработка, играчки и мебел. Неговата пареа не претставува закана само за здравјето туку и за човечкиот живот.

7 НЕФРОЛЕПИС. Нефролепис (лат. Nephrolepis exaltata) или куќна папрат е многу ефикасен биофилтер: тој целосно ги уништува сите траги од формалдехид во домашната атмосфера.

ФОРМАЛДЕХИДОТ се користи за производство на иверки, фурнири, термоизолациски материјали, како и за средства за чистење и ткаенини.

Првите симптоми на присуство на формалдехид во домашниот воздух се иритација на слузокожата на очите и носот.

8 САНСЕВЕРИЈА. Сансеверијата, која уште се вика и индијанско перо или свекрвин јазик, ги неутрализира опасните супстанции како што се формалдехид, толуол, амонијак, ксилен и азотен оксид.

ТОЛУОЛ се ослободува од премазите за бои. Тој ги иритира очите, а при долготрајно влијание предизвикува нарушувања на нервниот систем.

Текст: Б. Стојменовиќ

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.