2 начина на готвење боранија: Едното е јадење на лажица, а другото од рерна – и двете се совршени!

Пробајте

Младата боранија е највкусното нешто што можете да го послужите на трпезата, секако, ако знаете да ја зготвите

Сите го обожаваат ова јадење на лажица, а овој рецепт ќе сакате да го сочувате.

Состојки:
  • 500 г боранија
  • 4 лажици маслиново масло
  • 1 главица црвен кромид
  • 100 г презла
  • 200 г печурки
  • 2 чешниња лук
  • 0,5 дл бело вини
  • 1 дл павлака за готвење
  • сол
  • бибер
Приготвување:

Проварете ја боранијата во зовриена вода околу 5 минути. Исцедете ја. Во поголемо тавче загрејте две лажици масло и во него пропржете сечкан кромид, додајте сечкани печурки и динстајте 2 минути.

Додајте сечкан лук, посолете и забиберите. Додајте ја боранијата и сето тоа заедно динстајте го две минути. По желба, сипете малку бело вино.

Доколку сакате ова да биде вашето предјадење, боранијата е готова, но ако сакате да биде главно јадење, има уште неколку чекори.

Кога сите вкусови ќе се соединат, додајте павлака за готвење и динстајте уште 5 минути. Сето тоа префрлете го во плех, посипете го со презла и пармезан и печете го во рерна уште 15 минути додека кората стане крцкава.

Добар апетит!

Вкусен ручек што ќе ве закрепне: Пробајте боранија со павлака
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.