Оваа боја ќе биде апсолутен хит за есен 2022 година: Наменета е само за дами со силен карактер!

Трендови

Сината боја зрачи со интензивна енергија, особено ако сакате да ја носите или ја имате дома

Модните експерти оваа есен ставаат голем акцент на нијансите на сина и ги претвораат во еден од најпопуларните и најсуптилните трендови на сезоната, а покажуваат и дека сината е една од оние бои со кои никогаш не можете да погрешите.

Доколку често облекувате гардероба во сина боја, треба да знаете дека таа има многу моќна енергија. Смета дека со сината боја можете да привлечете среќа во различни области од животот, а пред сè, на професионален и љубовен план.

Небесносина боја

Оваа посебна нијанса на сина веќе доби внимание благодарение на новата колекција на модната куќа „Баленсијага“, а потоа стана актуелна кога Ким Кардашијан се појавила во фустан на споменатиот бренд на оскаровската забава на „Венити Фер“.

Оваа боја е модерна како и другите трендовски нијанси, а може да го подигне расположението и со самото тоа се потпира на трендот на допамински стил на облекување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Versace (@versace)

Иако небесносината нијанса сè уште нема целосно завладеано со модната сцена, досега бројни трендесетерки не можеа да ѝ одолеат, а на полиците на брендови за улична мода, лесно можете да најдете многу парчиња во оваа смела нијанса на сина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gigi Hadid (@gigihadid)

Стилистот на Џесика Алба и Деми Мур открил важно модно правило за жените по 35-тата година: Сите ја прават истата грешка!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.