Фенг шуи: Овие работи привлекуваат негативна енергија и болест во домот!

Мора да се ослободите од нив веднаш!

Според експертите за фенг шуи, сѐ што се наоѓа во вашиот дом, содржи енергија во себе

Според филозофијата што ја застапува фенг шуи, сите предмети во вашиот дом, од најкрупните декорации до дреболиите, имаат сопствено енергетско поле, кое може да биде позитивно и негативно.

Според истата филозофија на уредување на домот – некои од тие предмети се непожелни во ваша близина во просторот каде што живеете, бидејќи со себе носат лоша енергија и создаваат здравствени проблеми.

Еве неколку работи од кои, според експертите, веднаш мора да се ослободите доколку сакате да ја вратите рамнотежата и позитивната енергија во вашиот дом.

Расипани кујнски апарати

Електричните апарати претставуваат сила и моќ во вашиот дом. Доколку имате апарати што не ги користите подолго време, расипани се или не се во функција, ослободете се од нив што побрзо. Расипаните апарати и техниката што ги користите во домаќинството, според принципите на фенг шуи може да донесат многу здравствени проблеми, деловни неуспеси и проблеми во емотивните односи.

Суво цвеќе

Живите билки се супер – носат позитивна енергија и симболизираат раст и просперитет. Меѓутоа, тоа правило не важи за аранжманите од сушено цвеќе или растенија што свенале. Методот на фенг шууи тврди дека овенатото и исушено цвеќе извлекува енергија и поради тоа може да се чувствувате уморно, исцрпено и безволно. Сувото цвеќе во домот поттикнува чувство на копнеж, носталгија и создава чувство на недостиг на сила. Се препорачува да се ослободите од исушеното и овенато цвеќе што е можно побрзо.

Храна

Храната, според фенг шуи, ја претставува вашата способност да давате и примате љубов. Доколку во фрижидерот или шпајзот чувате храна на која ѝ истекол рокот на траење или се расипала, тоа може негативно да влијае врз вашите врски во животот (со семејството, пријателите, партнерот, децата…). Па затоа, прегледајте ги фрижидерот и шпајзот и ослободете се од сето тоа што не може повеќе да се јаде, што е можно побрзо.

Лекови со истечен рок

Според правилата на фенг шуи, сите фармацевтски и производи за нега, меѓу кои спаѓаат и лекови, кремови, шампони, дезодоранси и слично, а на кои им истекол рокот на траење, мора веднаш да бидат фрлени, бидејќи содржат токсични материи, кои негативно влијаат врз вашиот сон, чувство на спокој и психичка рамнотежа.

Експертите за фенг шуи откриваат: Ова никако не смее да стои во спалната соба – привлекува негативна енергија!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.