Тој е најдобриот сопруг според хороскопот: Слободно потпрете се на него и не грижете се!

Дознајте!

Среќата во бракот ќе ја најдете покрај овој маж

Љубителите на хороскопот сакаат да ги анализираат своите (потенцијални) партнери и врз основа на нивниот хороскопски знак. Во продолжение дознајте какви се мажите родени во знакот Бик, кои се нивните предности и слабости во љубовната врска.

Кога станува збор за љубовта, Биковите припаѓаат во групата на поискрени знаци. Бикот нема време за игри и едноставно не сака да лаже. Истото го очекуваат и од партнерките.

Тој не поднесува неискреност. Сака во секој момент да бидете она што сте и да не глумите, во спротивно ќе ја изгуби довербата во вас.

Биковите најчесто сакаат врската да се одвива бавно и не влетуваат во љубовни врски. Темелното запознавање, чекор по чекор, е основата на квалитетната врска за нив. Со оглед на тоа, не е никакво чудо тоа што се традиционално настроени.

Меѓутоа, не се ни премногу склони кон преземање иницијатива. Кога, сепак, ќе се одлучат за тоа, ќе поминат многу време анализирајќи ја потенцијалната партнерка и дури потоа ќе ѝ пристапат. На прв поглед се по малку срамежливи и тивки, но кога ќе најдат жена што им се допаѓа, стануваат многу шармантни и отворени. Тогаш ништо нема да ги спречи во тоа да го освојат нејзиното срце.

Кога Бикот ќе стане сигурен во чувствата на својата партнерка, тогаш тој е најдобриот и најлојалниот маж што можете да си го замислите. Тој е вистински романтичар, претпочита долги врски и не е тип за забава без обврски. Не му паѓа на памет да ги вложува своите емоции и време во краткорочен однос.

Не очекувајте спонтаност и авантуризам од Биковите. Тие ја сакаат својата рутина и не се откажуваат од неа, без оглед на сѐ, па понекогаш може да делуваат малку здодевно. Ако сакате постојан партнер со кого секогаш ќе знаете на што сте, мажот роден во знакот Бик е токму тоа што го барате.

Биковите честопати се многу нежни и чувствителни, но токму тоа се нивните најголеми квалитети по кои се разликуваат од мажите родени во други знаци.

Иако се максимално искрени, не сакаат да ги преоптоваруваат другите со своите проблеми и знаат да ја кријат сопствената тага, па понекогаш ќе морате многу да се потрудите за да дознаете што ги мачи.

Фокусирани се и одлучни во намерата да му обезбедат удобен живот на своето семејство. Затоа, честопати се и премногу посветени на работата, но тие едноставно тежнеат кон финансиска стабилност и мораат да бидат сигурни дека држат сѐ под контрола.

Најголемата мана на мажите родени во знакот Бик е веќе споменатата тврдоглавост. Тие тешко прифаќаат туѓи мислења и имаат потреба секогаш да бидат во право. Кога себеси ќе си постават некоја цел, ќе работат на неа без оглед на сѐ и понекогаш нема да го земат предвид мислењето на својата партнерка, бидејќи и онака сметаат дека тие знаат најдобро.

Три хороскопски знаци што имаат предиспозиција својата сродна душа да ја најдат подоцна во животот

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.