ПРИКРИЕНИ ЕМОТИВЦИ Еве што треба да знаете припадниците на хороскопскиот знак БИК!

Дознајте навреме!

Вие сте земјен знак, кој го карактеризираат силен дух, непоколебливост, упорност и истрајност. Освојувате со упорност и не прифаќате НЕ како одговор.

Припадниците на овој хороскопски знак се стабилни личности, со мошне изразена моќ за самоконтрола. Успеваат да бидат воздржани дури и во најтешките ситуации во животот, кога повеќето паничат.

Околината често ве доживува како тврдоглава личност, што не мора да биде негативна карактеристика. Во основа, вие сте добра душа, која, кога ќе се почувствува загрозено, осамено или кога нема да успее да ги постигне посакуваните цели, упорно ги брани своите ставови, без волја да ја ислуша другата страна. Меѓутоа, задоволниот бик никогаш нема да ги манифестира овие карактеристики.

Умеете да бидете многу отворени, шармантни, дружељубиви, но проблем ви претставува самиот почеток, т.е. запознавањето. Многу тешко стекнувате нови пријатели, но како пријател сте верни и посветени. Во деловните води сте многу коректни, лесно воспоставувате соработка, особено ако процените дека тоа ви е во интерес.

Вие сте прикриен емотивец. На прв поглед можеби изгледате незаинтересирано, па дури и бесчувствително, но истовремено безгранично го сакате партнерот.

Едноставно, вие емотивноста ја доживувате како слабост и никому, па дури ни на емотивниот партнер, не му ги доверувате најискрените чувства.

Освојувате со упорност и не прифаќате одговор НЕ.

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.