9 работи што жената мора да си ги дозволи по 45-та година: Направете го ова, ако се грижите за себе!

Грижата за себе пред сѐ

Не дозволувајте сами да се казнувате себеси кога ќе наполните 40

Општеството е полно со предрасуди кон жените. Кога ќе стигнат до одредени години, тие предрасуди почнуваат драстично да влијаат врз квалитетот на животот. Од сите страни се слуша: „не можеш“, „не смееш“, „не е примерно“…

Не дозволувајте да се казнувате самите себеси. Не си ги кратите крилјата. Фактот што сте ја преминале четириесеттата година, не значи дека животот завршил.

Табу теми за жените по 45-та година:

Заштеда за себе: Жените трошат сѐ помалку пари на себе по 40-та година, а сѐ повеќе на децата, сопругот, домот и слично. Не дозволувајте да станете такви. Ако не се цените себеси, нема да ве ценат ни другите.

Кратка фризура: Кој рекол дека жените во 40-те години мора да имаат кратка фризура? Погледнете ја само Деми Мур – целата нејзина убавина се крие токму во косата. Долгата, негувана коса е гордост на секоја жена, без разлика дали е млада или стара.

Бапски работи: Не велиме дека треба облекувате розов дуксер со ликот на Мини Маус, но сосема во ред е да носите фармерки и маица до половина. Можете да облечете и класична облека и на сите да им дадете до знаење дека сте во вистинските години.

Одбивање модни трендови: Внимавајте секогаш да бидете во тренд. Не следете ги слепо трендовите, туку секогаш наоѓајте нешто за себе. Тоа ќе ви ја подобри самопочитта.

Вреќеста облека: Доколку сте качиле неколку вишок килограми со годините, тоа е сосема во ред, но не е причина сега да носите вреќеста облека. Нагласете го она што и понатаму е убаво на вас. Прифатете го и покажете го своето тело.

Чевли со рамен ѓон: Секоја жена треба да има барем еден пар салонки во својот плакар. Тие обувки ја зголемуваат самодовербата!

Заштеда за долна облека: Можеби сте во брак 15 години, но тоа не е причина да носите испрана и разлабавена долна облека. Квалитетната долна облека ѝ дава чувство на моќ и самодоверба на жената.

Шминката е за младите: Напротив, шминката е за жените што ја преминале триесеттата година. Дотогаш не сте имале што да криете, сега е време да се прикриваат брчките, да се нагласат очите, усните, јаболчниците. Погледнете неколку совети како дискретно да се нашминкате и обезбедете си ја најквалитетната шминка.

Недостиг на спорт: Жените мораат да се занимаваат со спорт! Тоа не е толку важно поради изгледот, туку повеќе за здравјето. Најдете некој спорт што ви одговара и само напред! Сега е вашето време!

Грижете се за себе: Тоа значи да имате проверен гинеколог, стоматолог, офталмолог. Одете редовно на преглед, најмалку два пати годишно, бидејќи здравјето е најважно!

Секоја жена во 40-тите треба да го додаде овој зачин во појадокот: Го забрзува метаболизмот и симнува килограми без гладување!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.