Секоја жена во 40-тите треба да го додаде овој зачин во појадокот: Го забрзува метаболизмот и симнува килограми без гладување!

Здравствени придобивки

Фото: Getty Images

Консумирањето на овој зачин во појадокот ќе ви го намали апетитот и ќе ви ги согори калориите

Кога жените ќе наполнат 40 години, метаболизмот значително се забавува, па се случуваат големи промени во организмот.

Па затоа, важно е да водите здрав живот и здраво да се храните, бидејќи во спротивно, килограмите ќе се качуваат.

За да го спречите тоа, би требало да внесете еден зачин во вашиот утрински оброк.

Каенски бибер

Истражувањата покажале дека каенскиот бибер помага за слабеење. Имено, жените што подолг период го додаваат во појадокот се соочуваат со зголемена измена на материите во организмот, и тоа само 30 минути по оброкот.

Каенскиот бибер содржи капсаицин, материја што ја поттикнува работата на метаболизмот, а доволен е само простфат за да дејствува. Особено се препорачува да го додадете како зачин во кајгана или каша од житарки.

Што се’ прави капсаицинот во телото?

Го забрзува метаболизмот

Иако научните истражувања покажуваат дека ефектот не е огромен, докажано е дека капсаицинот од каенските пиперчиња може да го забрза метаболизмот.

Може да го намали гладот

Докажано е дека капсаицинот може да го намали чувството на глад, што значи дека помалку ќе јадете во текот на денот.

Го снижува крвниот притисок

Го намалува нивото на крвниот притисок, покажале истражувања спроведени на животни.

Ја подобрува работата на дигестивниот систем

Каенските пиперчиња можат да го подобрат здравјето на дигестивниот систем и да го намалат ризикот од појава на рак на желудник.

Ја намалува болката

Капсаицинот во форма на крем може

да помогне за олеснување на болките, а дејствува така што помага во ослободувањето на материјата П, невротрансмитер што го пренесува сигналот за болка до мозокот.

Каенскиот бибер има бројни придобивки за здравјето, а можете лесно да го вклучите и комбинирате во исхраната. Достапен е во различни форми – свеж, сушен, па дури и како додаток во исхраната.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.