За љубителите на здрава и вкусна храна: Вегански колач

Готвиме со Бранко!

Пробајте ја оваа поздрава варијанта на вашиот омилен десерт

Рецептите на Бранко Попоски се идеален украс на секоја трпеза. Пробајте го неговиот вегански колач и посетете го неговиот инстаграм-профил @cookingwithbranko.

Состојки:
  • 3 помали банани
  • 1 јајце
  • 60 г масло
  • 60 г млеко
  • 100 г шеќер
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • 210 г брашно
  • 1 лажиче сода
  • 1 лажиче печиво
  • прстофат сол
  • 60 г чоколаден чипс

За кремот:

  • 200 мл павлака за готвење
  • 150 г црно чоколадо
Приготвување:

1. Печете ги бананите зедно со кората 10-15 минути на 200 степени, додека кората потемни. Излупете ги и изматете ги.

2. Откако ќе се оладат бананите, додајте ги јајцето, шеќерот и ванилиниот шеќер, па повторно изматете. Додајте го брашното измешано со содата, печивото и солта. Матете кратко додека се соедини смесата.

3. На крајот додајте го чоколадниот чипс и промешајте со лажица. Ставете од смесата во калапчиња за мафини и печете на 200 степени, околу 15 минути.

4. Кога мафините ќе добијат златнокафена боја, извадете ги од рерната и со помош на рачка од дрвена лажица направете дупчиња на средината од секој мафин.

5. Ставете ги павлаката за готвење и црното чоколадо на оган и мешајте додека убаво се растопи чоколадото. Оставете сосема малку да се олади, па наполнете ги дупчињата од мафините со кремот.

Добар апетит!

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.