Дали ги препознавате: Освојуваат со упорност и не приваќаат НЕ за одговор

Месец на хороскопскиот Бик

Биковите се земјен знак, кој го карактеризираат силен дух, непоколебливост, упорност и истрајност.

Вие сте стабилна личност, со мошне изразена моќ за самоконтрола. Успевате да бидете воздржани дури и во најтешките ситуации во животот, кога повеќето паничат. Околината често ве доживува како тврдоглава личност, што не мора да биде негативна карактеристика.

Во основа, вие сте добра душа, која, кога ќе се почувствува загрозено, осамено или кога нема да успее да ги постигне посакуваните цели, упорно ги брани своите ставови, без волја да ја ислуша другата страна. Меѓутоа, задоволниот бик никогаш нема да ги манифестира овие карактеристики. Умеете да бидете многу отворени, шармантни, дружељубиви, но проблем ви претставува самиот почеток, т.е. запознавањето. Текстот продолжува по огласот…

Многу тешко стекнувате нови пријатели, но како пријател сте верни и посветени. Во деловните води сте многу коректни, лесно воспоставувате соработка, особено ако процените дека тоа ви е во интерес. Вие сте прикриен емотивец. На прв поглед можеби изгледате незаинтересирано, па дури и бесчувствително, но истовремено безгранично го сакате партнерот.

Едноставно, вие емотивноста ја доживувате како слабост и никому, па дури ни на емотивниот партнер, не му ги доверувате најискрените чувства. Освојувате со упорност и не прифаќате одговор НЕ.

Фото: Katherine Buckleitner

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.