Експертите за фенг шуи откриваат: Ова никако не смее да стои во спалната соба – привлекува негативна енергија!

Прочитајте

Доколку лошо спиете или имате кошмари, најверојатно имате лош фенг шуи во спалната соба

Спалната соба би требало да биде оаза на мирот и спокојот, место каде што ќе се одморите и ќе ја обновите својата енергија и физички и психички, па затоа мора да биде уредена во согласност со тоа, истакнуваат експертите за фенг шуи.

Според тоа правило, некои работи се апсолутен вишок во спалната соба – можат да ја нарушат рамнотежата на енергиите и да влијаат лошо врз вашата ментална состојба, расположение и квалитет на одморот и сонот.

Премногу зеленило

Иако живите билки се пожелни во животниот простор, па и во спалната соба, не би требало да претерувате, бидејќи фенг шуи пропагира дека билките може да емитираат одредени фреквенции на енергија кои можат да го нарушат вашиот сон. Се советува една, најмногу две билки во собата каде што спиете.

Непријатни и јаки мириси

Местото каде што спиете мора да биде на некој начин изолирано од мирисите, како што се мирисите на влага, мириси од кујна или мириси на хемикалии со кои го чистите домот, па дури и од јаки парфеми. Се предлага спалната соба да ја држите затворена кога остатокот од станот го чистите со агресивни средства и дека добро е да проветрите пред спиење, потоа да запалите некоја ароматична свеќа со пријатен мирис.

Премногу работи во спалната соба

Според советите на експертите за фенг шуи, спалната соба никако не би требало да биде натрупана со предмети и мебел. Вишокот работи одземаат енергија – и на физичко и на емоционално ниво и создаваат тешкотии, а често може да дојде и до појава на осаменост и меланхолија пред спиење. Па така, вашата спална соба би требало да биде минималистички уредена, со што помалку детали и дреболии или непотребни парчиња мебел, кои ги чувате само за украс.

Складиште под креветот

Просторот под креветот за многумина е практично место за да ги стават вишокот работи, но тоа никако не е добро. Купот работи под местото на коешто спиеме емитира многу лоша енергија и може да влијае врз квалитетот на сонот, а може да предизвика и прерано будење и лоши соништа. Се советува доколку не можете да се ослободите од вишокот работи, да им најдете ново место за чување.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.