Живот со едно белодробно крило

Може ли да се функционира нормално доколку е отстрането едно белодробно крило? Како треба да изгледа вашиот ден, начинот на исхрана… На овие и слични прашања одговори дава фитотерапевтката Ала Борисовна Киршења

Периодот на закрепнување по пулмонектомија (отстранување белодробно крило) трае во просек до две години, будејќи намалувањето на белодробното ткиво влијае на работата на сите органи и системи. Но ако пациентот се придржува до правилата на рехабилитација, организмот постепено ќе се приспособи на новите услови.

ДИЕТА

* Хранете се во помали порции (од шест до осум пати на ден) за да не ги преоптоварите дигестивниот систем и нормалното дишење.

* Исфрлете ја од исхраната мрсната, пржената, конзервираната, чадената и солената храна. Забранети се газирани напивки, јаки зачини, тесто, намирници што содржат шеќер, како и алкохол и никотин.

* Се препорачува варено или на пареа приготвено немрсно месо (пилешко, мисиркино, зајачко), немрсна риба, кисело-млечни намирници, каши (овесна, хелдина, пченична), јајца (три-четири неделно), зеленчук и овошје.

* Јадењата треба да бидат на собна температура и само свежо приготвени.

* Вода пијте 30 минути пред или еден час по земање храна.

* Немојте да легнувате веднаш по јадењето – тоа може да доведе до отежнато дишење или кашлица.

* Водете сметка да не се здебелите.

НАЧИН НА ЖИВОТ

Заштитете се од акутни респираторни инфекции: избегнувајте контакт со болни, чувајте се од провев и долготраен престој во студени и влажни простории.

Занимавање со спорт е забрането, доволно е утринско рамрдување и прошетка на свеж воздух.

ФИТОТЕРАПИЈА (по избор)

Одвар од чага. Чаша иситнета чага прелејте со пет шолји зовриена вода и оставете поклопено да отстои два дена. Потоа одварот исцедете го низ газа. Пијте по половина шолја четири-пет пати на ден половина час пред јадење. Курата е индивидуална.

Сок од чичка. Иситните свеж корен од чичка и исцедете го сокот низ газа. Земајте по една лажица трипати на ден половина час пред јадење. Курата трае еден месец, потоа направете пауза од две недели, па повторете го лекувањето.

Одвар од фиданки од имела. Една лажица иситнети суви фиданки прелејте со половина литар зовриена вода, оставете го да отстои седум-осум часа, а потоа исцедете го. Пијте по две лажици трипати на ден, половина час пред јадење. Курата трае три недели, следува пауза од седум дена, па се повторува лекувањето.

! Верувајте во успехот на терапијата! Позитивните мисли и расположението го зголемуваат самоисцелувачкиот потенцијал на организмот и ви даваат сила да му се спротивставите на стравот и да се изборите со болеста. Кон ваков начин на живеење треба да тежнеете.

Текст: „Руски доктор“

Фото: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.