Научниците докажаа: Мажите можат да намирисаат кога жената е сексуално возбудена – и еве како!

Истражување открива

Ако некој сметаме дека е симпатичен или привлечен, тоа зависи и од мирисот на телото на другата личност.

На пример, жените во плодни денови изгледаат многу привлечни за мажите – покажало истражувањето. Не само тоа: според истражувањето на Универзитетот во Кент, хетеросексуалните мажи дури можат да го препознаат сексуалното возбудување на жената – по мирис!

Истражување: еротски филм и потење

Примероците од пот беа собрани од 11 хетеросексуални жени кои не земале хормонални препарати (како што се контрацептивни средства). Просечната возраст беше 19 години. Во првиот случај, жените гледаа документарец за мостови, а во вториот случај сцена од еротскиот филм „9 песни“. Потоа, мажите (24 од нив) ги мирисаа примероците од пот и ги оценуваа според три критериуми: интензивно, пријатно и сексуално привлечно.

Јасен резултат: се зголеми интересот кај мажите

Испитаниците сметаат дека мирисот на сексуална возбуда е попријатен и попривлечен – наспроти мирисот на пот кога жените не се возбудени. Покрај тоа, научниците забележале дека жените во возбудената состојба испуштале биохемиски трансмитери (т.н. хемосигнали) – така се зголемил интересот на мажите.

„Резултатите покажуваат дека мажите реагираат на миризливите сигнали на жената за време на сексуална возбуда“, рече водачот на истражувањето, д-р Арнауд Висман.

Тој се надева дека резултатите од истражувањето ќе предизвикаат понатамошно истражување за сигналите за сексуален мирис во комуникацијата меѓу луѓето.

Прочитајте и: Прашајте го која секс-поза му е омилена и откријте го неговиот вистински карактер

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.