Прашајте го која секс-поза му е омилена и откријте го неговиот вистински карактер

Секоја жена има секс-поза која ѝ придонесува најголемо задоволство, но омилени пози имаат и мажите, а тие можат да откријат многу за нив.

Ги издвоивме петте најпопуларни секс-пози, а сè што треба да направите е да му поставите прашање на вашиот партнер и да дознаете за неговиот карактер.

Мисионерска поза

Мисионерската поза е класика која секогаш функционира. Ако ова е неговата омилена поза, знајте дека сте со човек кој сака да игра безбедно и за него промените се огромен напор. Но, тој е исто така одличен во покажување на емоциите и ужива во страста, допирите и прегратките. Оваа поза обезбедува многу близок контакт лице в лице, затоа е многу интимна и опишува силни емоции.

Кучешка поза

Друга класична поза во сексот што на мажите им се допаѓа повеќе од жените. Ако ова е неговата омилена поза, знајте дека се занимавате со човек кој сака да доминира и да биде лидер во секоја смисла, како во бизнисот, така и во приватниот и интимниот живот. Исто така, оваа поза опишува многу страствен и енергичен човек кој знае што сака и како да го добие.

Прочитајте и: Експертите одговараат: Дали треба да водите љубов на првиот состанок?

Поза 69

Оваа поза ќе им даде еднакво задоволство на двата партнери, а најмногу ја сакаат многу внимателни мажи. Тој е чувствителен и многу либерален. Тој ужива во женското друштво и е подготвен да направи сѐ за жената за која се грижи. Сака забавна, но и мирна, страсна вечер со личност која ја смета за драга и интересна.

Јавачка поза

Позата во која жената седи на мажот може да биде многу интересна, а ја сакаат многу отворени и директни мажи. Тој е самосвесен и знае што сака, па затоа не се срами да ги изрази своите чувства. Ужива во страста и женствената убавина и обожава да експериментира.

Поза „лажичка”

Сексот за време на кој партнерите лежат на своите страни и се целосно поврзани е поза која ја сакаат многу парови. Таа опишува доверлив човек кој му обезбедува сигурност на своето семејство. Авантурите не се негови фетиши, па тој се чувствува многу подобро во познато и безбедно опкружување. На сличен начин, оваа поза ги опишува мрзливите кои за сè што прават користат само половина од својата сила.

Сексот како лек за телото и душата: Зошто треба да водите љубов што почесто

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.