Сексот како лек за телото и душата: Зошто треба да водите љубов што почесто

Неверојатни придобивки

Сексот навистина го лекува вашето тело на начини на кои претходно не сте помислиле.

Сексот е најголемо задоволство за повеќето луѓе, но исто така е добар и за милион други работи.

Сексот го подобрува расположението

По водењето љубов, неизбежно ќе се чувствувате подобро благодарение на хормоните што се ослободуваат по оргазмот, како и на многуте ензими, од кои едниот е ендорфин.

Хормонот окситоцин, кој зголемено се излачува за време на сексот, ги тера луѓето да бидат по љубезни кон своите партнери, ги смирува и ги тера да спијат. Жените можат да го произведат четири пати повеќе од мажите. Окситоцинот се нарекува и „хормон на гушкање” бидејќи се ослободува после 20 минути гушкање.

Прочитајте и: Мноооогу безобразни прашања… Што прават другите во кревет? (И НЕ САМО ВО КРЕВЕТ)

Друг значаен невротрансмитер е серотонинот, кој е главен антидепресив и најодговорен за смеа, среќа и релаксација после сексот.

Сексот е добар за вашето срце

Студија спроведена на Универзитетот во Белфаст открила дека сексуалниот однос три пати неделно драстично го намалува ризикот од срцев удар или мозочен удар. Научниците велат дека не е точна претпоставката дека мажите имаат поголема веројатност да добивјат срцев удар за време на сексуален однос во нивните 40-ти и 50-ти години.

Сите заинтересирани треба да знаат дека сексот е само уште една форма на вежбање. Во фитнес термини, тоа е исто како да шетате километар или да се качувате по скали нагоре и надолу. Важно е дека сте физички способни – рече профсорот Питер Вајсберг.

Сексот штити од настинка

Сексуалните односи го зголемуваат вашиот имунитет и на тој начин ве штитат од настинки и грип. Доколку двојките имаат секс два или повеќе пати неделно, откриено е дека имаат повисоко ниво на имуноглобулин, што му помага на вашиот имунолошки систем да се бори против вирусите.

Остатокот од текстот продолжува на следната страница!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.