Експертите одговараат: Дали треба да водите љубов на првиот состанок?

Кое е вашето мислење?

Иако е 2020 година, секогаш е тешко за многумина да ги отфрлат старите правила. Особено ако тие се поврзани со љубовниот живот.

„Ако се препуштите на страста на првиот состанок, лесни сте” или „почекајте барем до третата средба за да водите љубов”, се само некои од љубовните „правила” кои треба веднаш да ги заборавите. Да, знаеме дека ова не е лесно да се направи со оглед на тоа што таквите верувања постојат веќе долго време. Во тоа време, невиноста беше синоним за чистота и морал, така што сексуалноста на жените редовно се задушуваше, а многу луѓе сè уште ги делат истите ставови.

„Луѓето сакаат да ја избегнат осудата и срамот поврзан со сексот надвор од она што наводно е прифатливо“, објаснува Шенон Чавез, психолог и сексуален терапевт.

Ако и вие се прашувате дали треба да имате однос на првата средба, ниеден одговор не е „правилен“. Експертите потенцираат дека треба да бидеете водени само од сопствените чувства. Ако навистина ја чувствувате хемијата на крајот на вечерта, слободно препуштете се на страста и игнорирајте ги „правилата” што другите ви ги наметнуваат. Покрај сѐ, приватното мини истражување на компатибилноста во кревет со вашиот партнер може да ви помогне да сфатите дали сакате да инвестирате повеќе време во таа врска.

„Сето тоа се сведува на препознавање на сопственото ниво на удобност и што точно барате. Како и да е, добра идеја е да одвоите време да откриете што точно мислите за авантурите на една ноќ пред навистина да се најдете во ситуација да ги имате“, вели Ванеса Марин, сексуален терапевт и креатор на онлајн курс, која потенцира дека љубовта никогаш нема строги правила.

Прочитајте и: Фатална привлечност: Поради што му се допаѓате?

 

ФОТО: Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.