Фатална привлечност: Поради што му се допаѓате?

Мажите од памтивек неодоливо ги привлекуваат истите работи кај жената – мирисот, облините, бојата на гласот, начинот на кој се движат… Но да слушнеме што велат научниците за биолошката причина поради која се вртат глави по некоја жена

Постои некоја мистериозна сила заради која мажите ги привлекуваат жените, и обратно, која е фасцинантна, фрустрирачка и апсурдна. Фасцинантна е затоа што сите ја дознаваме неверојатната моќ на тие импулси и посакуваме да сфатиме што се крие зад нив.

Вознемирувачка е поради тоа што дури и кога би го знаеле одговорот на ова прашање, всушност, не би знаеле што да правиме со тие информации. А апсурдна е бидејќи приказните за сексот и објаснувањето на сите механизми на најголемиот извор на задоволство личат на откривање на магионичарски трик: кога знаете како функционира нешто, магијата и задоволството исчезнуваат.

Погледнете само еден документарец за човековата сексуална реакција, кој ги претставува сите фази на сексуална возбуда, и тоа до најмали детали: ширење на зениците, црвенило на вратот и на лицето, прилив на крв во гениталиите, забрзано дишење…

Објективно, графичкиот приказ на набројаните параметри е возбудлив колку и посетата на стоматолог. За среќа, постојат научници што имаат волја да ја направат сета таа напорна работа за нас во своите лаборатории. Иако признаваат дека откритијата понекогаш се контрадикторни, информациите што ни ги даваат често можат да не просветлат.

Тајните кај допаѓањето: 90-60-90

Првото прашање што природно се наметнува гласи: кој тип градба на жената најмногу ги привлекува мажите? Истражувањата што се базираат на идејата дека импулсите на пештерскиот човек во некоја мера се задржале во машката психа до денес укажуваат на тоа дека машкиот род е програмиран за одредени пропорции на женското тело, конкретно на обемот на гради, половина и колкови од 90-60-90.

Се претпоставува дека фигурата на песочен часовник е неодолива бидејќи симболизира плодност, а познато е дека мажите ги води импулсот да оплодат што повеќе репродуктивно способни жени. Сепак денес можеме да заклучиме дека мажите се многу покомплексни суштества отколку што изгледаат на прв поглед.

Имено, австралиските научници откриле дека машките испитаници претпочитаат телесни пропорции што се поблиску до реалните мерки на просечните Австралијки од 25 до 44 години.

Авторите на оваа студија посочуваат дека и покрај тоа што жените од магазинот „Плејбој“ станаа повити во последниве 40 години, вкусот на Австралијците се смени во спротивна насока.

Повеќе од еден фактор

Разбирливо, не можат само пропорциите целосно да го објаснат ритуалот на парење кај човековиот род. Важна улога игра и телесната тежина. На пример, во социјално сиромашните општества, каде што има недостиг на храна, заоблените жени се сметаат за идеал за убавина, здравје и за привлечност.

Но дури и во развиените земји, мажите под психолошки стрес ги привлекуваат покрупни жени. Објаснувањето лежи во тоа што луѓето кога се соочени со некој проблем гравитираат кон позрели сексуални партнерки. Повисок индекс на телесна маса кај жените укажува на зрелост, сила и на способност за контрола.

Меѓутоа треба да се знае и тоа дека мажот, во мигот кога ќе исчезне стресот, повторно ќе почне да се врти кон манекенски градени жени.

Невидливи сигнали

Во потрага по идеален партнер, мажите и жените емитуваат сигнали што обично се невидливи за окото и за кои тие не се свесни. На пример, истражувачите открија дека мажите повеќе ги привлекува женски глас со високи тонови отколку оној што е тивок и мазен, како и дека жените што зборуваат така ги сметаат за превртливи.

И додека мажите гледаат на жените со ѕвонливи гласови како на потенцијални партнерки, преостанатите жени ги гледаат како конкуренција. Уште едно истражување ја потврди оваа теорија. Имено, испитаничките имале задача да им оставаат гласовни пораки на непознати мажи. Секогаш кога би помислиле дека се работи за згоден маж, тие несвесно би го кренале гласот.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.