Боите што ги избирате за уредување на животниот простор го откриваат вашиот карактер

Какви се боите во вашиот дом?

Експертите за уредување ентериери тврдат дека карактеристиките на домаќинот можат да се прочитаат во бојата што доминира во просторот во кој живее.

Боите како жолта, портокалова и слично носат одредена топлина и позитивност. Сите бои што нè релаксираат се препорачува да бидат во нашето опкружување – жолта како сонцето, тиркизна како морето, сина како небото, зелена како шумата.

Ако црната боја му дава задоволство на некое лице, тогаш неговата соба би требало да биде црна. Според некои типични стереотипи, црвената боја означува страсна личност, но исто така можеби станува збор за некој што ги следи трендовите на чуден начин и мисли дека е шик.

Сепак, некои експерти сметаат дека успеале да го препознаат правилото и дека според бојата на ѕидовите, можат да погодат каква личност живее меѓу нив. Проверете го вашето искуство.

Жолтата, портокаловата и праската им се припишуваат на отворени, енергични, топли луѓе.

Луѓето кои користат топли тонови се секогаш ведри и пријателски расположени.

Но, тие се повеќе од тоа – луѓето кои сакаат жолта боја се наводно интелигентни и авантуристи.

Луѓето во чиј дом доминираат нежните нијанси на пастелно сина и зелена боја, ја сакаат природата. Тие ги потсетуваат на ведро небо или огромно поле, кое го сакаат и во нивниот дом. За нив, домот е оаза на мирот во зафатен свет, од каде може да се заклучи дека тие се повеќе повлечени, неми луѓе.

Од друга страна, силните и елегантни бои на скапоцени камења (рубин, сафир, аметист, топаз) се избрани за во домот од луѓе кои претпочитаат луксуз и раскош. Тие се отворени, доверливи, креативни и елегантни. Но, сјајот на скапоцени камења е исто така совршен за прикривање на недостатоците.

Луѓето што обично избираат стабилни, неутрални тонови за својот простор – гранит и мермер, белата, сивата, кафената, беж и боја на слоновата коска – се практични личности, кои не ги следат трендовите слепо.

Ѕидовите, пак, во земјени нијанси изгледаат неутрално, така што овозможуваат похрабри комбинации на бои за мебел – и тука можете да побарате некои карактеристики на домаќинот на куќата.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.