Кога надвор е 30+, изберете лесна и проѕирна облека како Пријанка Чопра (ФОТО)

Современ начин да ги преживеете топлите денови!

Кога сè се топи на улицата поради високите температури, веројатно се’ што сакате да направите е да легнете под клима-уредот и да не се движите. Сепак, ви предлагаме да ја преживеете оваа топлина на убав и модерен начин. А за да го направите тоа, треба да изберете најудобна облека. На пример, како Пријанка Чопра.

Имено, индиската актерка дефинитивно ја пронашла најсовршената облека за топлите летни денови. Ѕвездата избра снежно-бел долг фустан изработен од проѕирна и најтенка плетена ткаенина. Моделот е креација на парискиот бренд Aeron, а својата лесна и воздушна облека, Пријанка ја надополни со лаконски сандали со проѕирни ремчиња и златни додатоци.

Во ваква облека, не е страшно дури и на 30+.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.