Кралицата Летиција го повтори свилениот комплет на Викторија Бекам (ФОТО)

Промовира одговорна потрошувачка

Не е тајна дека кралицата Летиција често ги повторува своите најуспешни комбинации на облека. На овој начин, жената, која предводи милиони шпански граѓани и обожаватели ширум светот, не само што ја промовира идејата за одговорно трошење, туку и ужива во можноста повеќе пати да ги носи своите омилени работи.

Поточно, во свилениот комплет на Викторија Бекам, шпанската кралица се појави барем трипати: на настан во 2018 година, минатиот февруари и пред неколку дена, на Самитот.

Како и минатиот пат, кралицата ги надополни блузата и здолништето со леопард принт со црвени сандали – овој пат на Каролин Ерера. Показалецот на Летиција повторно го красеше златниот прстен на Карен Халам – талисманот од кој се раздели само во исклучителни случаи.

Фото: Printscreen Instagram

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.