Кејти Холмс не се откажува со причина: Вака се носат летни папучи на шик-начин! (ФОТО)

Папучите Биркенсток сами по себе не се шик, но со многу малку напор можат да станат

Ако минатата година некој се сметаше за sвезда во уличниот стил во Њујорк, тогаш тоа дефинитивно беше Кејти Холмс.

А, ако постојат папучи што им се омилени на славните и кои никој не ги носи повеќе од неа –  тогаш тоа се папучите на Биркенсток.

А Кејти умее да ги стилизира така што веднаш ќе зажалите што сè уште не сте се осмелиле да ги прошетате во елегантна варијанта.

Во едно од нејзините најнови изданија, актерката уште еднаш докажа дека нема простор за вашето (а, признаваме и нашето) сомневање дали овие толку популарни влечки го заслужуваат префиксот шик.

Папучите Биркенсток сами по себе не се шик, но со многу малку напор можат да станат.

Еве како таа го стори тоа популарната актерка: со комбинација на бои и соодветни текстури на ткаенината, а можеби малку и кроеви.

Кејти избрала свила и кожа, кои ѝ го прават изгледот поскап (кој е навистина скап, затоа што влечките Биркенсток потекнуваат од колекцијата Аризона, а нивната цена е 420 американски долари).

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.