Асоцијација на детството: Куќичка на дрво

Клиентот сакаше своевидна резиденција за одмор надвор од градот, но условот беше да го асоцира на детството

Архитектите на студиото „Малан Востер“ одговорија на неговото барање и направија објект што нѐ восхити.

Куќичките на дрво веќе некое време претставуваат симбол на нов облик на сместување, главно, во туристички цели или служат како приватни објекти за одмор. Една таква куќичка на дрво, но многу луксузна, се наоѓа во Кејптаун, а клиентот, кој за овој проект го ангажира студиото „Малан Востер“, вели дека е презадоволен.

Освен што го асоцира на детството, тој е воодушевен од нејзиниот несекојдневен дизајн. Куќата е изведена во челик, дрво и стакло, а инспирацијата за нејзиното обликување архитектите ја нашле во дрвените куќи на Хорас Гифорд, „меѓупросторот“ е карактеристичен за архитектурата на Кенга Куме и чистите форми на Луис Кан. Конструкцијата на градбата се состои од четири цилиндрични дрвени кули, подигнати малку над земјата. Во средината на секој цилиндар се наоѓа столб, кој носи челичен обрач, со кој го поврзуваат радијални греди. Со вертикалните структури куќата се вклопува во шумата што ја опкружува.

Набљудувајќи однадвор, се чини дека целата градба е составена од споени цилиндри. Меѓутоа, секој од нив е само припоен по една страна од квадратот, кој всушност ја прави основата на оваа куќа. Така, на секој агол од оваа куќа се обезбедени по една „набљудувачница“ и поглед на околината во круг од цели 360 степени.

Носталгичниот момент проникнува и низ внатрешноста на оваа несекојдневна градба, особено кога станува збор за парчињата мебел. Централниот дневен престој се наоѓа на првиот кат на куќата, каде што се наоѓаат и тераса, трпезарија и главното скалиште. На вториот кат е спалната соба, во која главен збор имаат големи стаклени површини и сѐ што може да се види и доживее низ нив. Во целиот проект архитектите воделе сметка доминацијата да оди во корист на необработените материјали, што исто така беше една од желбите на детинестиот сопственик на куќата.

Извор: Home Style by Убавина и здравје

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време