Ѕирнете во некогашното кралство на Мајкл Џексон: „Неверленд ранч“ повторно на продажба (ВИДЕО)

Имотот е празен и не изгледа како порано

Имотот на кралот на поп-музиката Мајкл Џексон „Неверленд ранч“ во Калифорнија во 2019 година третпат беше огласен за продажба по цена од 31 милиони долари, што е за околу 100 милиони помалку од цената по која се продаваше пред четири години.

Имотот од околу илјада хектари во близина се состои од главна зграда, три куќи за гости, езеро со водопад, тениски терени, штала и други објекти за сместување на животни.

„Неверленд“ е празен и не изгледа како некогаш, ги нема луна паркот, животните, убавата градина, водопадите, а внатрешноста е празна, без мебел, но со некои ситници, кои секогаш се интересни за многубројните обожаватели на кралот на попот, кој почина од преголема доза на пропофол, лек со кој сакал да се ослободи од несоницата, а му беше даден од личниот доктор Конрaд Мареј, кој беше осуден на четири години затвор.

Фото: Getty Images

Видео: Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.