Стинг и неговата сопруга ја имаат најубавата куќа во срцето на Тоскана: Стара е 400 години и никој нема ваков поглед! (ВИДЕО)

Рај на земјата!

Имот во Тоскана каков што никогаш не сте виделе!

Лидерот на славната група Полис, Гордон Метју Самнер, попознат како Стинг, доживеал сиромаштија, пребродел развод, се соочил со депресија и параноја, станал светски популарен и се нашол на листата на 500 најбогати Британци, но решен е да им даде на своите деца од двата брака онолку колку што смета дека им е доволно за почеток.

Го нарекуваат рокенрол аристократ и тој прекар е сосема оправдан. Тој е образован, талентиран и неверојатно харизматичен. Неговиот живот е пребогат со големи успеси, што ги постигнал снимајќи фантастични музички албуми, а познато е и тоа дека Стинг неколку пати се испробал и на филмското платно.

Но сè додека не ја сретнал љубовта на својот живот, Труди, неговата идеја за тоа како би сакал да живее до крајот на животот, не му била јасна.

Двојката се запознала во 1982 година, а тој веднаш се вљубил во неа.

„Штом ја здогледав, се чувствував како отсекогаш да се познаваме“, изјавил Стинг за првиот момент кога ја здогледал Труди, пријателка на неговата тогашна сопруга.

Нивната врска била многу осудувана од страна на медиумите, но љубовта го издржала тестот на времето. Се венчале на 20 август 1992 година и оттогаш се неразделни. Никогаш не размислувале за тоа дали ќе имаат деца, но со текот на годините добиле дури четири.

За нивната меѓусебна сексуална привлечност и повеќечасовното тантричко водење љубов, испишани се голем број страници во трач-рубриките. Сопружниците не кријат дека и денес чувствуваат прилично интензивен сексуален набој еден за друг, но тоа не е главната причина зошто останале заедно толку години. Тие никогаш не ја земаат својата врска здраво за готово и се трудат да бидат и добри пријатели, а не само љубовници.

„Љубовта е страст но вистински да се сака некого и да се ужива во нечие друштво, тоа сепак е нешто повеќе и трае подолго“, објаснил Стинг.

„Јас и Труди може да се расправаме за неважни работи, но попрво ќе разговараме одошто да започнеме караница. Тоа се секојдневни преговори, како спогодби. И важно е да не се губат нерви.“

Сопружниците уживаат во својот дом во Њујорк, но куќата што ја поседуваат во срцето на Италија, поточно во Тоскана, е нивното омилено живеалиште.

Погледнете го овој рај на земјата во следново видео…

Ова е фасцинантната вила во која живее Гвинет Палтроу: Ентериерот ќе ве остави без здив! (видео)
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.