Ова е фасцинантната вила во која живее Гвинет Палтроу: Ентериерот ќе ве остави без здив! (видео)

Рај на земјата

Американската актерка и претприемачка им ја покажа калифорниската вила на обожавателите – врисок на луксузот и стилот!

Славната  Гвинет Палтроу на своите фанови им го покажа својот нов фасцинантен дом кој остава без здив. Личи на дворец, а за изгледот била задолжена дизајнерката на ентериери Брижет Романек и архитектонското студио Роман и Вилијамс.

Новиот дом на Палтроу се наоѓа во Монтесито, во областа Санта Барбара во Калифорнија, и има сè што можете да посакате: од дневна соба со уметнички дела, светла и модерна кујна -срцето на вилата бидејќи глумицата најголем дел од слободното време сакала да го минува токму во кујната, до огромен базен и двор опкружен со зеленило.

Дневниот простор воодушевува со неутрални нијанси, но и со допир на злато. Главни протагонисти на ова опкружување се уметничките дела и големите прозорци. Секако, тука е и делот дизајниран за релаксација со пријателите, а уреден е во стилот на седумдесеттите.

Во продолжение, уживајте во видеото.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brigette Romanek (@brigetteromanek)

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.