Астролозите откриваат: Што треба да правиме кога Меркур е ретрограден?

И како хороскопските знаци максимално да ја искористат неговата моќ.

Планетата Меркур владее со информациите, комуникацијата и нашите интелектуални процеси. Затоа, неговата ретроградност делува токму на овие полиња од нашите животи – од темите за кои зборуваме до начинот на кој комуницираме, без разлика на хороскопските знаци.

Секоја година Меркур прави три ретроградни циклуси. За време на овие периоди најчесто – освен недоразбирања и проблеми во комуникацијата – во вашите животи може повторно да се појават луѓе од минатото, како што се стари пријатели, отуѓени роднини и некоја поранешна незавршена работа.

Во 2022 година трите главни ретроградни фази на Меркур најмногу ќе ги погодат воздушните и земјените хороскопски знаци, барајќи од нив да ја прочистат комуникацијата и да посветат поголемо внимание на структурата на животот.

По јануарскиот ретрограден Меркур, следните периоди се:

10 мај – 3 јуни: Ретрограден Меркур во Близнаци / Бик

9 септември – 2 октомври: Ретрограден Меркур во Вага / Девица

И – 29 декември – 20 јануари 2023 година: Ретрограден Меркур во Јарец

Што треба да правиме кога Меркур е ретрограден?

Бидејќи Меркур владее со комуникацијата, ова е време на недоразбирања, па затоа е попаметно да избегнувате важни разговори, договори, преговори, потпишување договори итн.

2. Меркур владее со транспортот и технологијата, па затоа не е добро време за купување автомобили, телефони, компјутери, бела техника и други уреди.

3. Не е добро време за започнување на нов бизнис. Не е добро време ниту за замена на комјутер, за отворање /затворање сметка во банка, за плаќање преку интернет.

4. Избегнувајте се што има врска со администрацијата. Тоа е моментот кога редовно ќе ви побараат уште еден документ, кога софтверот погрешно ќе ги „поврзе“ податоците без ничија вина.

5. Меркур владее и со трговијата, па дури и на тоа поле може да очекувате сплетки.

6. Со ретрограден Меркур не е време за објавување книги, е-книги или започнување работилници, проекти доколку сакате да траат и да имаат подолгорочна вредност.

7. Не менувајте ги шифрите.

8. Доколку можете да избегнете – не одете во централниот регистер, катастар или суд, не поднесувајте никакви барања и слично.

Сепак, некои работи е пожелно да се прават за време на ретроградниот Меркур.

Повторливи дејства кои ги сакаме и кои прават да „запре“ времето, во кои не размислуваме за ништо.

Размислувања за минатите грешки и нивно поправање.

Собирање добри идеи преку разговори, книги, дружење, медитација.

Слушање на совети од блиски.

Одмор и релаксација.

Пишување, креирање содржина, планирање, правење стратегија.

Повеќе престој во природа.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.