Почина Џејн Марчевски, пејачката со ангелски глас која го расплака светот: Таа ја изгуби битката со тешката болест!

Тажно...

Натпреварувачката во „America’s Got Talent“, Џејн Марчевски, почина од карцином на 32 години.

Пејачката од Охајо која настапуваше под уметничкото име Ноќна птица, почина по повеќемесечното лекување, откако оваа болест и се прошири на белите дробови, јетрата и кичмата.

Џејн минатото лето објави дека се повлекува од натпреварувањето поради здравјето. Објаснила дека ситуацијата и се влошила и дека нејзината болест бара многу внимание и енергија. Додала дека и било жал, но и драго за стекнатото искуство. Се заблагодарила и рекла дека има и други сонови.

Таа на аудицијата ги воодушевила сите со нејзината емотивна изведба на песната „It’s Okay“. Особено се воодушевил Сајмон Коел, кој веднаш дал златен тастер и ја пратил директно во финале.

Таа публиката и жирито ја освоила со својата убавина и оптимизам, но и неверојатен глас.

Погледнете ја:

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.