Бијонсе и Џеј Зи преку викенд ќе одмораат во нова вила вредна 26 милиони долари

Се има, се може

Во рок од три месеци, купија две вили

По купувањето на вилата на Бел Ер за неверојатни 88 милиони долари, Бијонсе и Џеј Зи одлучиле да купат куќа и на Источниот брег на САД.

За  луксузната вила позната под името „Понд Хаус„, Бијонсе и Џеј Зи платиле околу 26 милиони долари.

Куќата се простира на имот од 10 ари.

Специфичноста на оваа екстравагантна куќа се состои во распоредот и ориентацијата на средишниот дела на куќата. Претходниот сопственик ја реновирал внатрешноста така што го ротирал ентериерот за 90 степени и на тој начин куќата ја свртел кон запад и езерото Џорџика.

Самата куќа лежи на два ари и има седум спални соби и девет бањи.

Езерото Џорџика е на само 60 метри оддалеченост од оваа неверојатна вила.

Куќата поседува и неколку камини вградени според скици од 18 век во стилот на Луј 15.

Прочитајте и

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Сакаш посебен третман?
Зачлени се во елитниот клуб. Регистрирај ја својата е-адреса и добивај специјални понуди и вести
Одјава е можна во секое време