Здрав и брз ручек: вегански тортилја-сендвич

Нам ни звучи фантастично!

Како што знаеме, тортилјите ѝ припаѓаат на традиционалната кујна на Мексико и Централна Америка. Овие вкусни тркалезни „тортички“ најчесто се прават од пченкарно и пченично брашно, а потоа се полнат со разни прилози и мачканици.

Патем, според легендата, тортилјите ги измислил селанец од Маите за да го нахрани гладниот крал. Кога Шпанците пристигнале во Латинска Америка, откриле дека староседелците и другите локални народи консумираат некаков леб од пченка. Токму Шпанците го дадоа името тортилја, што значи „мала торта“.

Состојки:

1 тортилја
2 лажици хумус
грст свеж спанаќ
1 среден морков
2 лажици индиски ореви
1 домат

Приготвување:

Излупете го морковот, изрендајте го и исцедете му го сокот.

Исечкајте го индискиот орев на крупни парчиња.

Намачкајте ја тортилјата со хумус, па на средина ставете го спанаќот.

Одозгора наредете ги ренданиот морков, исечканиот домат и индискиот орев.

Завиткајте ја тортилјата и запечете ја во тава на оган.

Добар апетит!

Текст: Убавина и здравје

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.