Рецепт на денот: Мачканица од хумус со ореви и лимон

Фото: Shutterstock

Има ли нешто повкусно од мирисот на препечено лепче и сочен хумус? Секогаш е добра идеја за почеток на денот, за ужинка, вечера или за прилог.

Овој арапски деликатес стана многу популарен и кај нас. Предноста да направите сами мачканица од хумус е што можете да ги дозирате зачините по ваш вкус, да додадете или да одземете нешто.

Состојки:

400 г леблебија (1 конзерва)
100 г ореви
3 лажици таан-сусам
3 чешниња лук
4 лажици маслиново масло
сок од 1 лимон
сол, бибер (по вкус)
неколку зрна коријандер и ким
куркума (по вкус)
малку алева пиперка

Приготвување:

Во сува тава испечете ги оревите додека добијат златно-кафена боја и пријатен мирис, а потоа изладете ги. Во истото тавче, пропржете ги семките од ким и коријандер, па иситнете ги  сомелете ги во прав.

Исцедените леблебии, маслиновото масло, сокот од лимон, ситно сечканиот лук и мелените зачини иситнете ги во блендер. Со дланките, истријте ги оревите за да ги отстраните лушпите, па додајте ги во хумусот и повторно сомелете во блендер. Ако мачканицата е премногу густа, додајте малку вода.

Фото: Shutterstock

Фото: Shutterstock

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.