Секогаш во топ-форма: Еве како вежба Шакира

Плус: дневното мени на пејачката

Иако има 44 години, Шакира е секогаш во топ-форма, а еве како вежба!

Со цел да разбереме како точно ја одржува линијата славната пејачка, ги истражувавме нејзиното дневно мени и фитнес-рутината, кои ѝ ги дизајнира инструкторката Ана Кајзер.

Како вежба Шакира
Во скоро сите видеа и настапи, Шакира танцува многу, па не изненадува тоа што танцувањето е составен дел од нејзиниот тренинг.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Фокусот е на кардио-вежбите и на вежбите за издржливост. Шакира тренира 90 минути. Таа самата дизајнираше неколку вежби и танцувачки чекори и ги вклучи во тренингот. Иако вежбите се интензивни, Шакира се забавува и за време на тренингот“, вели Ана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Дневно мени
Како и многу познати дами, оброците на Шакира се базираат на свежи состојки. Кога се подготвува за концерти и турнеи, избегнува шеќер и млечни производи.

Шакира се обидува да јаде што е можно поразновидно. Оброците ѝ се избалансирани и хранливи, а одвреме навреме се почестува со колач.

Појадок: јајца или авокадо со маслиново масло, домат и морска сол и смути од бшумско овошје.
Ручек: риба со свеж зеленчук или салата.
Попладневна закуска: супа од артичока или праз.
Вечера: риба со зеленчук (остатоци од ручекот).

Одвреме навреме ѝ го менуваме менито затоа што сака да јаде свински котлети. Исто така, никогаш не одбива темно чоколадо“, открива Ана.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Текст: Убавина и здравје

Фото: Инстаграм

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.