Мини-палачинки со спанаќ

Здрави и вкусни

На многумина омилениот десерт овој пат во солена верзија. Добар апетит!

СОСТОЈКИ:

1 јајце

1/2 прашок за печиво

вода (по потреба)

брашно (по потреба)

½ филџан масло

сол

500 г спанаќ

сирење по желба

ПРИГОТВУВАЊЕ:

Спанаќот се мие, се чисти и се сечка ситно.

Во длабок сад, се крши јајцето, се разматува, потоа се додаваат преостанатите состојки, се меша додека се добие смеса како за палачинки. Се додава и сечканиот спанаќ, се промешува.

Во загреана тава за палачинки, со црпалка се истура од смесата и се прават мали палачинчиња (големина по желба).

Палачинките се печат убаво од двете страни, а можат да се сервираат со сирење.

Рецепт на Алмира Фејзула Калач од Битола

Фото: Printscreen Youtube

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.